Во Финска децата на Велигден, маскирани во старци или во вештерки, тропаат на вратите на соседите, кои им даваат бонбони и чоколади. Традицијата на велигденските вештерки, која се нарекува Вирпоминен, потекнува од древната легенда, според која троловите и вештерките излегуваат меѓу Велипеток и Велигден, кој секогаш се слави во недела

Велигден се прославува во светот на најразлични начини – со традиционална трпеза и со интересни обичаи, од ловење јајца до полевање со вода. Сето тоа во слава на здравјето и обновувањето на природата. Во Франција на Велигден, по традиционалната миса и потрагата по скриени јајца во градината, семејството се собира на празнична трпеза, на која е задолжително печено јагне. Утредента членови одат на традиционален излет, додека на југозапад на земјата на Велипонеделник се прави џиновски омлет. Италијанците овој празник го пречекуваат со колачот „коломбо“, во облик на гулабица, која е симбол на добри вести. Сличен златножолт десерт, наречен „мона“, се пече и во Шпанија, понекогаш украсен и со цели јајца, кои се редат на површината пред печењето. Шпанците во текот на Светата недела, облечени во бело, на улиците изведуваат театарски претстави и организираат свечени поворки, кои ги подготвуваат неколку месеци порано.

Германија

Во Велика Британија, на празничната трпеза, наместо јагнешко, главно се послужува шунка, додека велигденските јајца и таму се задолжителен дел до празникот. Во таа пригода се организираат разни игри за деца, но и за возрасни. Младите Британци често одат од куќа до куќа барајќи слатки. Во Финска, децата на Велигден маскирани во старци или во вештерки чукаат на вратите на соседите, кои им даваат бонбони и чоколади. Традицијата на велигденските вештерки, која се нарекува Вирпоминен, потекнува од древната легенда, според која троловите и вештерките излегуваат меѓу Велипеток и Велигден, кој секогаш се слави во недела.

Франција

Оваа традиција се одбележуваше и во Шведска пред 100 години, а во скандинавските земји се верува дека на Велигден треба да се стане рано, бидејќи тогаш може да се види сонцето како танцува. Инаку, со жолтата боја на сонцето се бојосуваат велигденските јајца во Норвешка, Шведска и во Данска. Швајцарците спроти Велигден ги украсуваат изворите и фонтаните, оддавајќи ѝ почест на водата, која е неопходна за живот. За нив овој празник е празник на обновената природа. Во Полска наидуваме на сличен симбол: и таму водата, како симбол на животот, е дел од велигденскиот празник. Во понеделник, по празникот, пријателите едни со други се полеваат со вода за да ги „измијат гревовите“, па затоа празникот се нарекува и Смигус Дингус, што значи „влажен понеделник“.

Колумбија

Полјаците ги вапсуваат јајцата или ги украсуваат со ленени влакна, додека Русите се придржуваат до традиционалното варење на јајцата со лушпи од кромид, со што се добива црвено-кафена боја на велигденскиот симбол. Во Чешка велигденскиот понеделник се прославува со необичен обичај – момчињата ги врзуваат девојчињата околу нозете со плетенки од врбови гранки, што е симбол за здравје, младост и сила. Наедно, тоа покажува колку е популарна некоја девојка. Колку е поголема плетенката, толку подобро. Русите на велигденската трпеза имаат јагнешко на путер или печена шунка, за десерт задолжителен е кулич (колач од кисело тесто со рум и шафран) и пашка (чизкејк во вид на пирамида). Велигден е можеби единствениот верски празник што Русите го одбележувале и во советско време, па многумина што се родени во тој период, иако пораснале во атеистичко опкружување, благодарение на своите баби и дедовци знаат за велигденските обичаи.

Австрија

И Грците го дочекуваат Велигден со вапсани јајца и јагнешко, како и со „магерица“, супа со јагнешки трбушки. На свечената маса потоа сите со три прста се чукаат со јајца, кои главно се обоени во црвена боја – симбол на Христовата крв. Неизоставен дел се и виното, музиката и целодневното танцување. Во текот на Светата недела, спроти Велигден, кој за Грците е најголем верски празник во годината, тие, како и повеќето припадници на православната вера, постат и печат плетенки од тесто, кои ги нарекуваат „цуреки“ и кои се јадат во сабота пред полноќ, а во црквите секојдневно се одржуваат верски служби. Во Германија, традиционалниот „велигденски оган“ ги собира родителите и децата, како симболи на сонцето, кои ги слават пролетта и крајот на зимскиот период. Германците имаат уште еден велигденски обичај, тоа е остербаум, украсување дрво или грмушка со обоени лушпи од јајца, како плодови што го симболизираат враќањето на топлината.

Децата во оваа земја подготвуваат мали гнезда во кои, како што се верува, зајачиња оставаат чоколадни јајца. Во САД велигденскиот зајак на децата им носи чоколади, бонбони и омилените слатки „мачмелоу“. Американскиот претседател на Велипонеделник организира големо „тркалање јајца“ во градината на Белата куќа, а победник е оној што најдалеку ќе го истркала јајцето без да го скрши. Меѓутоа, Филипинците на Велигден извршуваат еден крвав ритуал, кога полуголите покајници се удираат самите себеси по грбот со бамбусови стапови. Голем број филипински католици во текот на неделата пред Велигден се подложуваат на некој вид скромна молитва, верувајќи дека на тој начин се чистат гревовите, се лекуваат болести, па дури се исполнуваат и желби. Наместо чоколадни јајца, на менито во Колумбија на традиционалната велигденска саботна вечера има егзотични специјалитети, како што се месо од игуана, желка или од кајман. Колумбијците со часови патуваат за да го минат празникот со семејството, а на роднините во големите гардови им носат артикли од далечните провинции, за празничниот оброк што го приготвуваат заедно. На островот Бермуда, пак, на Велипеток се пуштаат да летаат рачно изработени змејови од хартија, како симболи на Христовото распетие. Се јадат торта од бакалар и топло печиво украсено со крст.


Велигденски обичаи во Македонија

Кај нас обичај е јајцата да се вапсуваат на Велипеток. За вапсување на јајцата е задолжена домаќинката на куќата, која во зависност од навиките, ги вапсува јајцата сама или со децата, и тоа пред зори. Според обичајот, првото јајце се вапсува со црвена боја и се смета за чувар на куќата. Тоа се чува до следната година. Во некои краишта ланското јајце-чувар на куќата се става кај стоката, додека во некои се затрупува во нивите и во овоштарниците. Утрото, на Велигден, треба да се измиеме со вода во која се потопени дрен, здравец, босилек и црвено велигденско јајце. Малите деца наутро се галат со првото вапсано црвено јајце, за да бидат црвени и здрави во текот на годината.