Камерниот концерт под наслов „Барок Трежрс“ на ансамблот „Г.А.П.“ ќе се одржи утревечер, со почеток во 20 часот, во Камерната сала на Македонската филхармонија. Ансамблот ќе изведе дела од музичките барокни автори: Хајнрих Игнац Франц фон Бибер, Жан-Батист Бариер, Џовани Антонио Пjани и Антонио Вивалди.
Ансамблот „Г.А.П.“ го чинат врвни музички уметници, кои активно настапуваат на европските и светските сцени: Емилио Перцан, барокна виолина, Ориол Ајмат Фустe, барокно виолончело и Лука Квинтавале, чембало. Формиран е во 2012 година, а името му доаѓа од иницијалите на италијанскиот виолински виртуоз од 18 век, Џовани Антонио Пjани. Во 2012 година, „Г.А.П.“ го издаде албумот „Афетуозо“, кој е оценет од критиката како „високо уметничко достигнување и вистинско откритие“. Нивните два следни албума исто така ги делат највисоките оцени во светските музички списанија.