Карневалска ѕвезда
Малата Лаура
сака кралица да биде,
па дотерана, нашминкана
во огледало се виде.
„Баш сум убава –
самата си рече.
Сега можам на маскенбал,
желбата ме влече!“
Здивот им застана
на сите што беа таму.
Маскенбалот ечеше од песна
ја поздравија „кралицата“
и новата карневалска ѕвезда.
Славка Арсова, од книгата
„Песни за големи и мали“