Поетесата Вера Симовска вечерва, во салата на црквата „Св. Петар и Павле“ во Ѓорче Петров, со почеток од 18.30 часот ќе ја промовира својата нова книга со наслов „Источен хоризонт“. Станува збор за зборник со анализи, размислувања и насоки на духовно-морални, теолошки и општествени теми.
Вера Симовска храбро, но и крајно одговорно и зрело, успешно наоѓа одговор за многу прашања, проблеми и искушенија со кои се соочуваат православните христијани во целина, а особено жените христијанки. Организатор на промоцијата е мисионерски центар „Св. Петар и Павле“ во Ѓорче Петров.