КОШАРКА
Дрес на Џордан продаден за рекордни 1.380.000 долари
Единствениот дрес за кој се знае дека го носеше најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан, од студентските денови, додека играше за Северна Каролина, беше продаден на аукција за дури 1.380.000 долари. Ова само уште еднаш ја покажа големината на летачкиот Мајкл.
Џордан го носеше споменатиот дрес во сезоната 1982/1983, кога ја освои и наградата за играч на годината во НЦАА-универзитетската лига. Интересно е што токму овој дрес веќе еднаш беше на аукција, и тоа во 1999 година, за скромни 63.500 долари. Во исто време, оваа продажба го сруши рекордот на претходната на дресовите на Џордан. Во октомври, еден дрес од сезоната 1986/1987 беше продаден за 480.000 долари. Но тоа сега изгледа многу малку во споредба со сегашниот рекорд. Дресовите што ги носат големите играчи продолжуваат и понатаму да привлекуваат внимание во очите на многубројните колекционери, но истовремено да растат и нивните цени. Така, во последниве години беше купен дресот на трагично загинатиот Коби Брајант од финалето на НБА, за 338.000 долари, а дрес од Леброн Џејмс од олстар-меч за повеќе од 630.000 долари.
Најскап дрес, пак, кој воопшто е продаден на аукција, е оној на легендарниот бејзбол-играч на Њујорк Јенкис, Бејб Рут, кој во 2019 година беше продаден за 5,64 милиони долари. Г.И.
Финалето во Лигата на шампионите на „Вембли“?
Владата на Велика Британија, заедно со УЕФА и со Фудбалската асоцијација (ФА) на Англија, ја разгледува опцијата финалето во Лигата на шампионите (ЛШ), меѓу Манчестер сити и Челси, наместо во Истанбул, Турција, да се игра на „Вембли“ во Лондон, на 29 мај.
Владата на Велика Британија ја стави Турција на „црвена листа“ поради ковид-19, што значи дека англиските навивачи не ќе можат да патуваат на натпреварот во Турција. Тоа значи дека оние што би заминале, при враќањето дома од Турција ќе треба да минат десет дена во карантин, во хотели избрани од Владата.
УЕФА очекува повеќе отстапки од Владата за да биде преместено финалето во Лондон. Тука спаѓа барањето капацитетот на „Вембли“ да се зголеми од 10.000 на 22.500 гледачи, како и на персоналот на УЕФА и на меѓународните ТВ-оператори да им биде дозволено да влезат во Велика Британија без задолжителниот карантин. Л.Д.
КОШАРКА – ФИБА ЛШ
Бронза за Вајли со Сарагоса
Шпанската екипа Сарагоса, во којa игра и натурализираниот Македонец со американски пасош Џејкоб Вајли, го заврши својот настап на третото место, односно освоениот бронзен медал на завршниот фајналејт-турнир од кошаркарската ФИБА Лига на шампионите.
Во малото финале, во комплексот „Нагорњи“ во рускиот град Нижњи Новгород, Сарагаоса беше подобра од француски Стразбур со 89-77, а Вајли имаше ефект од 10 поени односно со пет погодени удари од игра, од исто толку обиди, а додаде и шест скока, една асистенција, блокада и освоена топка, односно имаше вкупно 19 индексни поени. Шампионската титула му припадна на шпанскиот клуб Хереда Сан Пабло Бургос, кој во големото финале со 64-59 го совладаа турски Пинар Каршијака и со тоа стана прв двоен шампион во ова кошаркарско натпреварување. Г.И.