Утре истекува рокот на креативниот конкурс „Штеди, креирај и победи“ во организација на Шпаркасе банка, а во соработка со Пакомак.
Има уште време, не откажувајте се. Што треба да направите?
Од материјали што може да се рециклираат треба да се изработат предмети што се поврзани со штедење.
Еве на пример од пластично шише, лименка или картон може да направите прекрасна касичка за пари.
Кога ќе бидете готови, фотографирајте го вашето дело и фотографијата испратете ја на електронската пошта [email protected], најдоцна до 31.10.2018 г.
Најдобрите три ќе бидат наградени со парични награди на штедна книшка.
Доделувањето на наградите ќе биде в недела, на 4.11.2018, на ТВ Телма, во емисијата „Горе долу, сите сме еднакви“, со Ивце Пивце.
Оваа недела ви прикажуваме уште три пристигнати творби.
И.М.