Во борбата за бронзениот медал Нуров беше поразен од Азербејџанецот Нурмагомед Гаџиев со 0-4
Македонскиот борач Могамедгаџи Нуров (до 97 кг), го освои петтото место на Европското првенство (ЕП) во борење во слободен стил, што се одржа во рускиот град Касписк. Во борбата за бронзениот медал Нуров беше поразен од Азербејџанецот Нурмагомед Гаџиев со 0-4.
Претходно во репасажните борби, Нуров со технички туш (11-0) го елиминира Германецот Генадиј Чудинович, а во четврт-финалето загуби од Белорусинот Александар Хуштин, со 2-6.
Другите двајца македонски борачи, Елмедин Сејфулаху (до 61 кг) и Бобан Савев (до 92 кг), уште на почетокот на ЕП беа елиминирани со технички туш. Сејфулху од Белорусинот Нирхун Скрабин (2-13), додека Савев од Украинецот Кирило Мешков.
На ЕП во Русија, македонските претставници имаа вкупно пет борби, забележаа една победа и четири порази.