Русија и Саудиска Арабија се договорија да ја прошират соработката за нафта и гас

Русија и Саудиска Арабија се согласија да ја прошират соработката за нафта и гас, објави руското Министерство за енергетика.  Ова беше одлучено по состанокот на рускиот министер за енергетика Александар Новак и неговиот саудиски колега Калид ал-Фалих во Москва.  Двете земји работат на билатерален договор со цел зголемување на продажбата на нафта и гас, делејќи заедничка одговорност за стабилен пазар, јави...

Фото: Силно невреме го зафати Прилеп

Прилеп го зафати силно невреме, паѓаше силен дожд при што се поплавени многу улици и се предизвикани многубројни штети. Поплавени се пет куќи и се предизвикани штети. Во населбата Варош во една куќа паднал гром. Екипите на комуналните претпријатија се на терен во населбата Тризла 2. Ка.М

Ердоган ги повикува сопартијците да извршат „пресинг“ врз гласачите

На социјалните мрежи во Турција се споделува видео запис, на кој турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган инсистира на „пресинг" на избирачите на прокурдската Демократска партија на народите, соопшти „Хуриет дејли њуз".  Видео записот од една минута и 39 секунди бил направен на состанокот на 9-ти јуни со градоначалниците на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП). Состанокот беше затворен за јавноста, но записот,...

Иванов од Софија: Сега сме повторно вратени на европската агенда

Претседателот Ѓорге Иванов за време на неговата официјална посета на Бугарија се сретна со македонски граѓани, стопанственици и културни дејци во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија. Говорејќи за односите меѓу двете земји, Иванов оцени дека Договорот за добрососедство и соработка со Бугарија отворил нови перпективи и создал нов амбиент во билатералните односи меѓу двете држави. Притоа, Иванов истакнал...

Прва награда за Бурхан Јаоски на литературниот конкурс на Ц.К . во Кичево

На литературниот конкурс што традиционално секоја година во овој период го организира Центарот за култура „ Кочо Рацин“ од Кичево, и кој по десети пат се организира годинава, за најдобра творба беше прогласена песната на Бурхан Јаоски ,„ Посакувам да те видам“ од петто одделение од училиштето „Јонуз Емре“ од село Челопеци. На конкурсот пристигнаа вкупно 74 творби, песни, раскази и есеи,...

Претставата „Клетници“ на прилепскиот театар најдобра на МТФ „Војдан Чернодрински“

Претставата „Клетници“ е најдобрата претстава на годинашното 53. МТФ „Војдан Чернодрински“, јави дописничката за Нова Македонија. Наедно претставата „Клетници“ од Виктор Иго во режија на Mартин Кочовски, освои уште три награди: Главна женска улога за актерката Ангела Наумоска, Горјан Милошевски за драматизација на романот „Клетници“ и награда за музика за групата „Фолтин“. Жирито составот го сочинуваа Мими Таневска Србиновска, претседател и...

Откриен контејтер полн со банани и кокаин

Цариници во Бар откриле голема количина на кокаин при контролира на контејнери со банани испорачани од Еквадор, објавија црногорските медиуми.  Радио-телевизија Црна Гора наведе дека се уште не е утврдена точната количина кокаин. Според весникот „Вјести“, дрогата на царинскиот терминал била откриена од страна на службениците на Царинската управа, а кокаинот бил пронајден во контејнер „Маерск". 

Договорот ќе се потпише во недела во Преспа на грчка, а ќе следи ручек на македонска територија

Договорот меѓу Македонија и Грција ќе се потпише во Преспа на грчка територија, а потоа ќе следи ручек на македонска страна, дознава дописничката на МИА од Атина. Дел од грчките медиуми утрово објавија дека договорот ќе биде потпишан во Преспа во Македонија, друг дел пак тврдеа дека потписите ќе паднат на грчка страна. Но, според информациите на МИА, Никола Димитров и...

Шилегов го отвори патот меѓу Сарај и Рашче

Од денеска патувањето меѓу Рашче и Скопје е пократко за пет километри. Градоначалникот Шилегов присуствуваше на отворањето за сообраќај на новиот пат што ги поврза двете населени места. - Изградбата на овој пат е доказ дека кога има соработка помеѓу институциите и граѓаните може да создадеме нешто ново и корисно за сите нас. Решаваме повеќедецениски проблем за жителите на Рашче...

Песков: Русинките сами ќе одлучат со кого ќе спијат, тие се најдобри жени на светот

Руските жени се најдобри жени во светот и самите ќе одлучат што ќе прават, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, од кого беше побарано да го коментира повикот на Претседателката за семејни прашања при Државната дума - Тамара Плетнова, Русинките да немаат сексуален однос со странски навивачи. Песков истакна дека Кремљ нема никаква врска со оваа тема, објави „Вашингтон пост“. -...