Почнува спроведувањето на Договорот со Грција
По вчерашното потпишување на Договорот меѓу Македонија и Грција за ставање крај на 27-годишниот спор за името, од денеска почнуваат чекорите за негова импелемнтација.
Македонската Влада се очекува денеска на седница да го усвои законот за ратификација на Договорот, по што треба да биде испратен во Собранието, каде треба да биде ратификуван.
Откако ќе биде доставен до Собранието пратениците треба да гласаат...
Спречен упад во Собранието, повредени седум полицајци, приведени 25 демонстранти
Пред Собранието на Македонија изутринава е мирно по синоќешните насилни протести во кои се повредени седум полицајци. МВР информира дека се приведени 25 демонстранти и најави дека повеќе информации за вчерашните случувања пред законодавниот дом во центарот на Скопје ќе бидат соопштени во текот на денов.
- На вчерашниот јавен протест во Скопје, дел од демонстрантите употребија распрскувачки средства и...
Почнува уписот во средните училишта
Во јавните средни училишта во земјава денеска и утре ќе се спроведе првото пријавување и запишување ученици за учебната 2018/2019 година во јунскиот уписен рок.
Ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 20 јуни. Квалификациското тестирање ќе се организира на 22 јуни, а конечните ранг-листи со резултатите ќе бидат објавени на 25 јуни.
Второто...
Променливо со засилен северен ветер
Променливо облачно на повеќе места ќе дува засилен северен ветер.Попладне ќе има нестабилност со локален пороен дожд и грмежи.
Дневните температури ќе се движат во интервал од 21 до 33 степени.
Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 31 степен.
УВ индексот ќе изнесува 7.
МВР: Повредени седум полицајци и приведени 25 лица
Седум полицајци се повредени во насилните протести што вечерва се случија пред Собранието на Македонија, соопшти МВР. Полицијата приведе 25 демонстранти.
- Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во текот на вечерашниот јавен протест во Скопје, пред зградата на Собранието, дел од демонстрантите употребија распрскувачки средства и насилно ја турнаа заштитната ограда, истовремено обидувајќи се насилно да...
Повредени седум полицајци, приведени тројца демонстранти
Седуммина полицајци се повредени, а тројца цивили се приведени во насилните протести пред Собранието на Македонија, јави МИА повикувајќи се на полициски и болнички извори.
Екипа на Итната медицинска помош интервенираше вечерва поради повредени лица во насилните протести што се одржаа пред Собранието. Возилото е се уште на местото на протестите, но засега нема информации за број на...
СП: И Бразил потфрли, само реми со Швајцарија
Фудбалерите на Бразил ремизираа вечерва со Швајцарија, играјќи 1:1, со што се погрижија за уште едно големо изненадување.
Бразил поведе со прекрасен гол на Фелипе Кутињо, кој во 20 минута стрелаше прецизно од 20-сеттина метри.
Потоа фудбалерите на Бразил го намалија темпото, како да се задоволија со резултатот.
Но казната стигна на почетокот на второто полувреме, кога по корнер на Швајцарија, кога...
Протестите пред Собрание разбиени со солзавец и шок бомби, има повредени
Полицијата вечерва употреби солазавец и шок бомби за да ги растера демонстрантите кои вечерва протестираа пред Собранието поради потпишаниот договор со Грција за конечно решавање на спорот за името.
Околу 2.000 демонстранти го изразуваа својот револт пред Собранието, а во еден момент една група почна да упатува навреди и да фрла со камења и факли кон полицијата.
Во моментот кога истата...
Тојота со Фернандо Алонсо ја освои „24 часа Ле Ман“
Тојота ја освои една од најпрестижните автомобилски трки во светот - „24-те часа Ле Ман“, за првпат во својата историја.
Една од ѕвездите во Формула 1 - Фернандо Алонсо беше дел од тричлениот екипаж на јапонскиот тим, заедно со Казуки Накаџима и Сабастијан Буеми.
Шансите на Тојота за прва титула не изгледаа големи на 10-тиот час, кога нивното возило...
Протест пред Собрание, полицијата со шок бомби ги растера демонстрантите
Протест против Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство се одржува вечерва пред Собранието на Македонија, а полицијата употреби шок бомби да ги растера демонстрантите.
Протестот е организиран преку социјални мрежи.
Насобраните граѓани го блокираа булеварот „11 Октомври“ пред собраниската зграда, пред која е поставен полициски кордон, а дел од учесниците фрласат камења и факли кон полицијата.
Учесниците...







































