Меркел и Макрон се согласија за буџет за Еврозоната

Германската канцеларка, Ангела Меркел, и францускиот претседател, Емануел Макрон, постигнаа согласност за една од точките на разговор на следниот европски Самит: буџетот на Еврозоната. Меркел, која долго беше резервирана кон оваа идеја, денеска по средбата со нејзиниот француски колега, за кого ова беше едно од главните барања, прифати да се создаде заеднички буџет за 19-те земји членки на Еврозоната (ЕЗ). Ова...

Османи: Поддршката од Норвешка ја очекувам за време на преговорите со Унијата

Република Македонија има долгогодишна успешна соработка со агенциите на ОН и отворањето на Канцеларија на УНОПС во Скопје е добар сигнал за натамошно проширување на оваа соработка порача вицепремеирот за европски прашања, Бујар Османи, на денешната средба во Скопје со генералниот потсекретар на Обединетите нации и извршен директор на УНОПС, Грете Фаремо и Амбасадорот на Кралството Норвешка, Арне Санес...

Мундијал под маски

Љубителите на фудбалот на Светското првенство во Русија привлекуваат внимание со интересниот изглед во знакот на симболите и на боите на националните селекции, односно со изборот на костимите и на навивачките реквизити при давањето на поддршка на учесниците на Мундијалот.

Брнабиќ: Признавањето на Косово не би бил компромис

Србија никогаш нема да ја признае косовската независност, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ и истакна дека тоа не би бил компромис за кој се залага Белград, а кој не би бил можен кога Србија и понатаму би инсистирала на тоа дека Косово е нејзин составен дел. Во интервју за Велт, таа додава дека „односите со Приштина за нас Србите се...

Американската компанија „Теламон“ ќе инвестира во Македонија

На денешната 75-та владина седница министрите ја усвоија информацијата за предлог - договорот за доделување на државна помош на друштво за производство и трговија „Теламон Европа Македонија ДООЕЛ Скопје“. Како што информира владината прес-служба, станува збор за нова инвестиција во Република Македонија, која изнесува четири милиони евра. Според бизнис планот на компанијата, предвидени се 300 нови вработувања во првите пет...

Комисијата за европски прашања го усвои предлог-законот за ратификација на договорот за името

Министерот за надворешни работи Никола Димитров еден час зборуваше за процесот за решавање на спорот со името образложувајќи го постигнатиот договор со Грција речиси член по член пред членовите на собраниската Комисија за европски прашања, која го усвои Предлог-законот за ратификација на договорот. Во своето обраќање, кое на моменти имаше и лични призвуци поради долгогодишната вклученост во процесот, Димитров кажа...

Унгарија воведува специјален имиграциски данок за хуманитарците

Унгарското Министерство за финансии соопшти денеска дека хуманитарните групи, што ја поддржуваат имиграцијата мора да платат посебен данок од 25 отсто. Министерството објасни дека „специјалниот имигрантски данок“ е неопходен затоа што одбраната од илегалната имиграција претставува дополнително оптоварување на буџетот на Унгарија. Уште не е познато како ќе се наплатува тој нов данок.

„Самураите“ ги урнаа предвидувањата на папагалот Оливија

Предвидувањата на папагалот Оливија, за кој Јапонците веруваат дека може да ги погоди резултатите на нивната фудбалска репрезентација, не се остварија, на радост на навивачите во земјата на изгрејсонцето, откако ја популарните „самураи“ ја совладаа фаворизираната Колумбија со 2-1 во првиот меч од групата Х на Светското првенство (СП) во Русија.  Јапонија славеше со головите на Шинџи Кагава од пенал...

Спасовски: Немаше прекумерна употреба на сила на протестите

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој денеска беше во посета на Европската комисија во Брисел, за МИА изјави дека не смета дека полицијата употребила прекумерна сила за време на протестите пред Собранието. Запрашан за критиките од јавноста за реакцијата на полициските сили за време на протестите и потреба да се испита работењето на полицијата таа вечер, министерот смета дека...

„Таргет-Тврдина“ ја чека одлуката на Врховниот суд во Атина

Судењето за предметот на СЈО „Таргет-Тврдина“ ќе продолжи по одморите, на 31 август, кога судечкиот совет ќе се произнесе по предлозите кои произлегуваат од одлуката на Врховниот суд во Атина за укинување на екстрадискиот притвор на обвинетите Горан Грујевски и Никола Бошковски. Обвинителката од СЈО Ленче Ристоска предложи постапката за Грујевски и Бошковски да се раздвои, со оглед дека имаат...