Македонија со Словенија и Црна Гора домаќини на женското ракометното ЕП 2022

Европската ракометна федерација на денешниот конгрес во Глазгов, Шкотска донесе одлука Македонија, заедно со Словенија и Црна Гора да бидат заеднички организатори на Европското првенство во 2022 година. Федерациите на трите земји ги исполнија критериумите и ги задоволија сите барања при инспекциите на ЕХФ во текот на изминатиот период, по што официјализирано е дека градовите Љубљана, Скопје, Цеље и Подгорица,...

Чии ќе станат нашите македонски брендови?

Какви новини, евентуално, би донела одредбата од договорот од Нивици, која се однесува на трговските марки и на заштитните знаци, за бизнисмените засега е енигма. Од Владата посочуваат дека „ќе биде формирана комисија, која во рок од три години ќе направи анализа на сите трговски брендови и марки во Македонија и во Грција, а дополнителни усогласувања ќе следуваат кога...

Вишеградска група: Македонија да ги почне преговорите со ЕУ

Очекуваме добри вести идната недела, Македонија да ги почне преговорите со ЕУ. Ќе помогнеме колку што можеме зашто земјата треба да стане полноправен член што поскоро, а договорот со Грција е само дополнителен, силен поттик во оваа насока. Ова денеска го изјавија амбасадорите на Унгарија и на Словачка, Ласло Дукс и Хенрик Маркуш, на прес-конференцијата по повод примопредавањето на претседателството...

Бошњаковски: Време е политичките субјекти да покажат одговорност

Време е сите политички институции во Македонија, вклучително и претседателот Иванов, да покажат елементарна политичка одговорност за моментот во кој се наоѓа Република Македонија. Ова денеска го изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски во врска со денешната писмена изјава на претседателот Ѓорге Иванов дека неговиот став за договорот за името останува непроменет и повикот до премиерот Зоран Заев веднаш да поведе...

Бегалските рути блокирани и за новинарите

По повод Светскиот ден на бегалците, организација Репортери без граници предупреди дека властите користат разни методи за да го опструираат медиумското известување за мигрантската криза као што се закани, заплашувања, апсења, прогон, неиздавање дозволи, одбивање барања за интервјуа, одземање опрема и депортација. - На нашите општества не смее да им се ускрати известувањето за мигрантската криза која сега е во...

Гимназиското столче сѐ уште повеќе се бара од стручното

Заврши првиот уписен рок во училиштата за средно образование во државата. Традиционално, и годинава, по вториот уписен ден, интересот кај деветтоодделенците е поголем за гимназиите и за средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ наспроти другите средни стручни училишта. Редици од деветтоодделенци со нивните родители можеше да се забележат во скопската гимназија „Јосип Броз-Тито“, каде што секоја година се исполнува бројот на...

СЈО презентира материјални докази на судењето за „Тендери“

Денешото рочиште за предметот „Тендери“ во кој првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска во врска со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“ почна со изведување материјални докази од страна на обвинителите од СЈО. Обвинителот од СЈО, Стевчо Донев почна да ги презентира материјалните докази по барање...

„Стрежево“ подготвено за наводнување

Да се пишува за системот за наводнување „Стрежево“ во Битола, во моментот кога поради поројните дождови Пелагонија и нивите во Битолско буквално се дават во вода, а земјоделците ги проценуваат штетите што ги претрпеа од поплавите, некои ќе речат дека е промашена тема. Но вработените во „Стрежево“ не мислат така, а и најголемиот број земјоделци од Битолско, кои, како...

Шкупи доби најатрактивен ривал во квалификациите за Лига Европа

Вардар ќе се сретне со ерменски Пјуник, Работнички со унгарски Хонвед, а Шкупи со шкотскиот Глазгов Ренџерс во првото квалификациско коло за фудбалската Лига Европа.  Шкупи ќе биде домаќин на Ренџерс, чиј менаџер е поранешниот славен англиски репрезентативец Стивен Џерард, во реваншот, додека во првиот меч ќе гостува во Глазгов.  Ова е резултат од денешната ждрепка за двојките која беше влечена...

Нема повеќе домашни задачи за учениците во Турција

Турските наставници повеќе нема да им даваат домашни задачи на учениците, а материјалот ќе се учи на час, изјави турскиот министер за образование Исмет Јилмаз, истакнувајќи дека старите практики немаат место во новиот начин на учење. - Од сега натаму, ниеден наставник нема да дава домашна работа на учениците. Сакаме нашите ученици да се фокусираат повеќе на час и материјалот...