Eкстремистички свештеник осуден на смрт (Фото)

Судот во Индонезија денеска го осуди на смртна казна радикалниот свештеник Аман Абдурахман бидејќи им наредил на екстремистите да извршуваат напади во земјата, меѓу кои и самоубиствениот бомбашки напад во едно кафуле од синџирот „Страбакс“ во јануари 2016 година. Според полицијата и Обвинителството Абдурахман е главен идеолог на екстремистите од Исламска држава во Индонезија, најголемата муслиманска држава во светот. Неколку стотина...

Од денеска трка по медали на Медитеранските игри

Македонија на 18-те Медитерански игри ќе се натпреварува со 71 спортист, во 15 спорта, а денеска први ќе настапат Петар Јаневски во стреличарство и одбојкарската репрезентација. На дебито на Игрите во 2013 година Македонија освои пет медали Македонската спортска експедиција од 71 спортист од денеска до 1 јули во Тарагона, Шпанија, ќе настапи на 18-те Медитерански игри (МИ). Први на...

Вардар и Металург носители пред ждрепката за ЛШ

Македонските претставници во новата сезона во Лигата на шампионите (ЛШ), Вардар и Металург, се носители пред ждрепката на 29 јуни за групите А и Б, односно Ц и Д. Според рангирањето на ЕХФ, Вардар е во ист, прв барабан со француски ПСЖ, што значи дека нема да можат да бидат во иста група, а тоа значи дека досегашниот тренер...

Компанијата Рокет Лаб подготвена за првото комерцијално лансирање

Старт-ап вселенската компанија Рокет Лаб се подготвува овој викенд од Нов Зеланд да лансира во орбитата првиот целосно комерцијален лет. - Ден Т-1 Електрон е подготвен. Екипата е подготвена. Времето изгледа добро – напиша на твитер компанијата. Откако првото лансирање во април беше одложено поради технички проблеми, новиот 14-дневен рок за мисијата наречена „Време е за работа“, започнува во сабота. Ракетата е...

Роналдо е европски рекордер, за светски му требаат уште 24 гола

Португалскиот капитен досега постигна 85 гола и за еден гол го надмина континенталниот рекорд на Унгарецот Ференц Пушкаш, а на светско ниво најефикасен во репрезентативен дрес е Али Даи со 109 гола за Иран Кристијано Роналдо го постигна решавачкиот гол на мечот на Португалија со Мароко (1-0) во второто коло во групата Б на фудбалското Светско првенство (СП) во Русија....

Оценката за ВАР засега е пет минус

ФИФА вели дека е „исклучително задоволна од нивото на судењето и од успешната имплементација на системот видеопомошник-судија“. На СП ќе има уште многу натпревари, ќе има „спорни“ ситуации, задоволни и лути, во зависност од одлуките, но факт е дека ВАР им е од голема помош на судиите За „поправедно Светско првенство (СП), за подобро однесување на фудбалерите и за намалување...

Пентагон ќе отстапи бази за сместување на деца мигранти

Пентагон ќе отстапи простор во воените база за сместување на 20.000 деца мигранти без придружба, кои ќе бидат приведени при илегално преминување на американско-мексиканската граница, изјави портпаролот на американското Министерство за одбрана Џејми Дејвис. Барањето Пентагон да обезбеди привремено сместување на децата мигранти беше испратено од Министерството за здравство, кое ќе управува со тие прифатилишта. Дејвис наведе дека просторот во воените...

Ден на жалост во Велес

Со одлука на општинскиот совет, денеска во Велес е Ден на жалост  поради погребот на трите деца што завчера го загубија животот во пожар во семејната куќа во високиот дел на градот на ридот Вршник. Советот донесе и решение на семејството на Никола Давчевски да му се додели еднократна парична помош во износ од 100.000 денари, а општината да ги покрие...

ТГС Скопје во Куманово повеќе од три години не исплаќа кирија на поранешни стечајни работници

Над стотина поранешни стечајни работници од фабриката Искра од Куманово повеќе од три години мака мачат да си ја наплатат киријата за објект кој со години го користи под кирија фирмата ТГС од Скопје. Станува збор за магацин со површина од 240 м2, кој се наоѓа во кругот на поранешната фабрика Искра од Куманово, кој по завршениот стечај на 15.04.2015...

Заврши драмата во Лондон, уапсен мажот кој се закануваше со бомба

Британската полиција го уапси мажот кој стоеше на шините на метро станица источно од Трафалгар и тврдеше дека има бомба. Сообраќајна полиција соопшти дека работи на повторно отворање на метро станица Черинг Крос, која претходно беше евакуирана.