Пентагон ќе отстапи бази за сместување на деца мигранти

Пентагон ќе отстапи простор во воените база за сместување на 20.000 деца мигранти без придружба, кои ќе бидат приведени при илегално преминување на американско-мексиканската граница, изјави портпаролот на американското Министерство за одбрана Џејми Дејвис. Барањето Пентагон да обезбеди привремено сместување на децата мигранти беше испратено од Министерството за здравство, кое ќе управува со тие прифатилишта. Дејвис наведе дека просторот во воените...

Ден на жалост во Велес

Со одлука на општинскиот совет, денеска во Велес е Ден на жалост  поради погребот на трите деца што завчера го загубија животот во пожар во семејната куќа во високиот дел на градот на ридот Вршник. Советот донесе и решение на семејството на Никола Давчевски да му се додели еднократна парична помош во износ од 100.000 денари, а општината да ги покрие...

ТГС Скопје во Куманово повеќе од три години не исплаќа кирија на поранешни стечајни работници

Над стотина поранешни стечајни работници од фабриката Искра од Куманово повеќе од три години мака мачат да си ја наплатат киријата за објект кој со години го користи под кирија фирмата ТГС од Скопје. Станува збор за магацин со површина од 240 м2, кој се наоѓа во кругот на поранешната фабрика Искра од Куманово, кој по завршениот стечај на 15.04.2015...

Заврши драмата во Лондон, уапсен мажот кој се закануваше со бомба

Британската полиција го уапси мажот кој стоеше на шините на метро станица источно од Трафалгар и тврдеше дека има бомба. Сообраќајна полиција соопшти дека работи на повторно отворање на метро станица Черинг Крос, која претходно беше евакуирана.

Повторно одложено гласањето на Законот за имиграција во американскиот Конгрес

Републиканците не можат да обезбедат поддршка во Конгресот за клучната реформа со која би се прекинало спорното раздвојување на семејствата на илегалните мигранти и повторно го одложија гласањето што требаше да се случи денеска. Гласањето првично требаше да се случи вчера, но беше одложено за денеска, па сега е повторно одложено најмалку до следната недела. Републиканците имаат мнозинство во Конгресот, но...

Македонскиот јазик и неговите корени

Каков е македонскиот јазик и кое е неговото потекло? Власта и, за жал, многумина неупатени интелектуалци одговараат едноставно: јужнословенски јазик и ништо друго. Меѓутоа, во науката тој се определува и како балкански јазик (во сооднос со другите балкански јазици, како албанскиот, бугарскиот новогрчкиот, романскиот, ароманскиот, ладино па дури и турскиот). Средиштето и жариштето на т.н. граматички балканизми е (југозападна) Македонија. Едно...

Договорот одличен – Македонија мртва

Слободно може да се фали и да се велича договорот, но реалноста ни покажува дека една политичка, интелектуална, високообразована, економски оспособена и финансиски добро обезбедена генерација на Македонци не го положи испитот на историјата и не го зачува делото на своите дедовци и татковци, кои не беа толку образовани, а уште помалку богати. Оваа генерација ја изгуби битката само...

Јатото нѐ чека за во НАТО?

Времето до следниот самит на Алијансата е навистина кратко, се чини дека македонскиот пат кон полноправно членство во НАТО и натаму ќе остане трнлив и полн со пречки, дипломатски флоскули и несигурности и во актуелниов контекст на случувањата поврзани со договорот од минатата недела со Грција Веста поврзана со фактот дека точката за македонската покана за членство во НАТО била...

Влада: Иванов се уште не одговорил за Алатката за отчетност

Претседателот Ѓорѓе Иванов не одговори на поканата да ја прифати Алатката за отчетност, со што одбива да ги информира граѓаните за неговите службени трошоци, соопшти владината прес-служба.  - Се уште нема одговор од претседателот Ѓорге Иванов, на писмото од Владата со предлог и  Канцеларијата на претседателот да ја прифати Алатката за транспарентно, отчетно и одговорно владеење. Во духот на определбата...

Во Турција уапсени 14 припадници на ИД

Турската полиција приведе 14 осомничени членови на Исламска држава, кои подготвувале напади во Анкара пред претседателските и парламентарните избори што ќе се одржат в недела, јави турската новинска агенција Анадолија. Турските сили за борба против тероризмот извршиле претрес на различни адреси во Анкара, при што уапсиле 14 лица, сите странски државјани. Полицијата во Турција често презема операции против членови на терористичката...