Стани „Сите сити“ волонтер

„Ајде Македонија“ објави повик за вклучување на волонтери во системот за донирање на вишок храна „Сите сити“, кој ќе се одржи на 27 јуни од 17 часот во CEED Hub на ул. „Руѓер Бошковиќ 18“, во бараките на Машински факултет. Оттаму посочуваат дека сите што сакаат можат да помогнат со донирање или пренос на храна, од донатор кон граѓанската организација, преку наоѓање...

Американски пилоти заслепувани од кинески ласери над Пацификот

Кинески ласери во најмалку 20 наврати заслепувале американски пилоти над Пацификот, соопшти за Си-Ен-Ен неименувана воена официјална претставничка на САД.  Според неа, 20-те  инциденти биле регистрирани од септември 2017 година,  ласерските зраци биле насочени кон американските авиони. Последниот инцидент, како што рече, се случил минатата недела.  Неименувната официјална претставничка за Си- Ен-Ен вели дека ниту еден инцидент не предизвикал повреди на пилоти,...

Мичел: Вашингтон и Брисел сакаат реформиран Балкан на патот кон ЕУ

Заеднички интерес на САД и Европа е реформиран Балкан на патот кон Европската унија, изјави помошникот американски државен секретар за европски и евроазиски прашања Вес Мичел. Во говорот во седиштето на фондацијата Карнеги за Европа во Брисел, Мичел посака светот да остане слободен, територијалниот интегритет на Европа да биде заштитен, Русија да одговара за „инвазијата врз Украина“. - Да видиме реформиран...

Реконструкција на водоводната мрежа во повеќе делови на Кичево

За да се подобри водоснабдувањето во градот, намалат дефектите и губитокот на вода, ЈКП „Комуналец“ Кичево, пристапи кон целосна реконструкција на секундарната водоводна мрежа во повеќе делови на градот, а во тек се интензивни активности на една од најнаселените улици, улицата „4-ти Јули“. Водоводната мрежа ќе биде ревитализирана и на улиците „Прилепска“ и „Амит Челопечанец“. Дополнително на улица „Прилепска“ ќе...

На Македонија и треба стратегија за медиуми

Македонија е единствената земја во регионот која нема стратегија за аудиовизуелниот сектор и медиумската сфера. Медиумските експерти сметаат дека ваков документ може да помогне во детектирање на предизците и поттикнување на позитивни трендови во медиумската сфера.  За прашањето дали на Македонија и треба стратегија за медиуми денеска се дебатираше на конференцијата „Стратегија за развој на медиумската сфера-Потреба, предизвици, чинители“ во организација...

Традиционално рели на планината Плачковица

Десетто традиционално рели ќе се одржи утре и задутре на планината Плачковица. Влатко Хилјадников од клубот „Астибо Екстрем“ вели дека очекуваат над 130 учесници со крос мотори и околу 80 со џипови. - Стартот е утре од Градскиот стадион во Штип, ќе се вози низ пределите на Плачковица, поминувајќи ги селата Љуботен, Кошево, Почивало, а завршувајќи кај планинарскиот дом Вртешка. Исто...

Грција во понеделник ќе ги достави писмата до ЕУ и НАТО

Во недела ќе бидат потпишани од шефот на грчката дипломатија, а во понеделник наутро ќе бидат испратени писмата до ЕУ и НАТО, дека Грција нема да се противи за европска и евро-атлантска  интеграција на Македонија. Ова го откри самиот Никос Коѕијас, говорејќи пред новинарите на крајот од Конференцијата за стабилност и безбедност на грчкиот остров Родос. Како што јави дописничката...

Американскиот амбасадор Џес Бејли во посета на Делчево

Амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли денеска ја посети Општина Делчево и оствари работна средба со градоначалникот Горан Трајковски. Како што соопшти Општина Делчево, амбасадорот Бејли на средбата се интересирал за спецификите на Делчево,  потенцијалите и можностите за развој, како и со предизвиците со кои се соочува општината. - Градоначалникот Трајковски изрази задоволство од посетата и благодарност од досегашната...

Стаорец изел 19.000 долари во бакомат во Индија

Стаорец или повеќе стаорци влегле во банкомат во североисточна Индија и изеле банкноти во вредност од 19.000 долари. Полицискиот надзорник од градот Тинсукија изјави дека кога техничарите стигнале за да ја поправат расипаната машина на Државната банка на Индија внатре пронашле еден мртов стаорец и уништени банкноти во вредност од 19.000 долари.

СП 2018: Американците бараат допинг контрола за Русите

Раководителот на антидопинг агенција на САД (УСАДА), Тревис Tајгарт не е уверен дека руската селекција на фудбалскиот Мундијал е „чиста“ и побара од Светската фудбалска федерација (ФИФА) да спроведе допинг контрола кај руските репрезентативци. Според Тајгарт, таквите мерки се неопходни за да се гарантира довербата на јавноста во чесноста на Светското првенство. - Рускиот тим мора да се провери за...