Реконструкција на водоводната мрежа во повеќе делови на Кичево

За да се подобри водоснабдувањето во градот, намалат дефектите и губитокот на вода, ЈКП „Комуналец“ Кичево, пристапи кон целосна реконструкција на секундарната водоводна мрежа во повеќе делови на градот, а во тек се интензивни активности на една од најнаселените улици, улицата „4-ти Јули“. Водоводната мрежа ќе биде ревитализирана и на улиците „Прилепска“ и „Амит Челопечанец“. Дополнително на улица „Прилепска“ ќе...

На Македонија и треба стратегија за медиуми

Македонија е единствената земја во регионот која нема стратегија за аудиовизуелниот сектор и медиумската сфера. Медиумските експерти сметаат дека ваков документ може да помогне во детектирање на предизците и поттикнување на позитивни трендови во медиумската сфера.  За прашањето дали на Македонија и треба стратегија за медиуми денеска се дебатираше на конференцијата „Стратегија за развој на медиумската сфера-Потреба, предизвици, чинители“ во организација...

Традиционално рели на планината Плачковица

Десетто традиционално рели ќе се одржи утре и задутре на планината Плачковица. Влатко Хилјадников од клубот „Астибо Екстрем“ вели дека очекуваат над 130 учесници со крос мотори и околу 80 со џипови. - Стартот е утре од Градскиот стадион во Штип, ќе се вози низ пределите на Плачковица, поминувајќи ги селата Љуботен, Кошево, Почивало, а завршувајќи кај планинарскиот дом Вртешка. Исто...

Грција во понеделник ќе ги достави писмата до ЕУ и НАТО

Во недела ќе бидат потпишани од шефот на грчката дипломатија, а во понеделник наутро ќе бидат испратени писмата до ЕУ и НАТО, дека Грција нема да се противи за европска и евро-атлантска  интеграција на Македонија. Ова го откри самиот Никос Коѕијас, говорејќи пред новинарите на крајот од Конференцијата за стабилност и безбедност на грчкиот остров Родос. Како што јави дописничката...

Американскиот амбасадор Џес Бејли во посета на Делчево

Амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли денеска ја посети Општина Делчево и оствари работна средба со градоначалникот Горан Трајковски. Како што соопшти Општина Делчево, амбасадорот Бејли на средбата се интересирал за спецификите на Делчево,  потенцијалите и можностите за развој, како и со предизвиците со кои се соочува општината. - Градоначалникот Трајковски изрази задоволство од посетата и благодарност од досегашната...

Стаорец изел 19.000 долари во бакомат во Индија

Стаорец или повеќе стаорци влегле во банкомат во североисточна Индија и изеле банкноти во вредност од 19.000 долари. Полицискиот надзорник од градот Тинсукија изјави дека кога техничарите стигнале за да ја поправат расипаната машина на Државната банка на Индија внатре пронашле еден мртов стаорец и уништени банкноти во вредност од 19.000 долари.

СП 2018: Американците бараат допинг контрола за Русите

Раководителот на антидопинг агенција на САД (УСАДА), Тревис Tајгарт не е уверен дека руската селекција на фудбалскиот Мундијал е „чиста“ и побара од Светската фудбалска федерација (ФИФА) да спроведе допинг контрола кај руските репрезентативци. Според Тајгарт, таквите мерки се неопходни за да се гарантира довербата на јавноста во чесноста на Светското првенство. - Рускиот тим мора да се провери за...

И германската влада поддржа почеток на преговорите на Македонија со ЕУ

Германската Влада препорача отворање преговори со Македонија за членство во ЕУ. Во писмо упатено до Бундестагот, германската Влада оценува дека реформскиот биланс на македонската Влада говори во корист на почеток на преговори за членство во ЕУ на претстојниот Самит на Унијата следната недела. - Одобрувањето (одредувањето датум за почеток на преговори) ќе биде вистинскиот позитивен сигнал за македонската Влада, која...

Прилеп е подготвен за Пиво фест 2018

Прилеп од 12 до 15 јули ќе биде средиштето во земјата. Ќе се одржи годинашното издание на фесгивалот „Пиво фест“. Четири дена, велат организаторите, ќе има многу забава, а ќе се јаде и вкусна скара. Ќе настапуваат Дани, Тони зен и Џајковски во четвртокот на 12, во петокот на 13 јули се Дарио, Ван Гог, Црвена јабука и ДЏ Мосел, додека...

Македонските спортисти за подобра иднина на децата од социјален ризик

Кошаркарите Перо Антиќ и Едина Муса, ракометарите Дејан Манасков, Филип Миркуловски и Филип Кузмановски, рели-возачот Игор Стефановски-Иџе и каратистите Дејан Недев и Аљоша Недев се вклучија во проектот „Шампионите за вас“, кој има за цел да ја подобри иднината на децата што се во социјален ризик. Македонските спортисти донираа дел од своите лични предмети, дресови носени на европските првенства, златни...