САД побараа од Франција да ја поддржи Македонија кон влез во НАТО и во ЕУ

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја поддржа поканата за членство на Македонија во НАТО и почеток на преговори со ЕУ, и директно побара поддршка од Франција, во телефонскиот разговор со францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив ле Дриан, соопшти Стејт департментот. - Државниот секретар побара од францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив ле Дриан да ја поддржи поканата за влез...

Шестмина екстремисти и двајца војници загинаа во судир во Пакистан 

Пакистанската армија соопшти дека елиминирала шестмина екстремисти во операција во Јужен Вазиристан, во близина на границата со Авганистан. Во судирот во областа Спина Мела загинале и двајца пакистански војници. Операцијата е преземена по добиена информација дека екстремисти од Авганистан, влегле на пакистанска територија преправени како членови на племињата. Племињата се преместени од Спина Мела во воената операција во 2009 година и...

Демонстрантите ќе се борат со сите демократски средства за поништување на договорот

Пред Собранието на Македонија вечерва се одржа мирен протест под мотото „Никогаш Северна, секогаш Македонија“ организиран од Млади на Македонија. Протестот беше организиран против Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство. Учесниците на протестот повикаа за одбрана на уставното име на Македонија. - Ќе се бориме со сите демократски средства за поништување на срамниот Договор. Излегуваме...

Откриена илегална агенција за сурогат мајки во Камбоџа

Полицијата во Камбоџа упаднала во два стана во главниот град Пном Пен каде открила 33 бремени девојки кои потпишале договори да бидат сурогат мајки на деца со кинески брачни двојки. Оваа пракса беше забранета во 2016 година, но голем број девојки во сиромашната Камбоџа се уште склучуваат вакви договори со кинески двојки кои немаат деца. Четири жени од Камбоџа и...

Џони Деп призна дека го допрел дното

Актерот Џони Деп во интревју за списанието „Ролинг стоун“ прв пат соопшти детали за банкротот, пороците и животот по разводот. За време на интервјуто Деп пушел мешавина од тутун и марихуана, а новинарот на „Ролинг стоун“ забележува дека испил и поголемо количество вино. - Не е точно дека трошам 30.000 долари на вино, трошам многу повеќе - истакнува актерот во интервјуто. Тој...

(Галерија): Граѓаните порачаа „Никогаш Северна, секогаш Македонија“ пред Собранието

Под мотото „Никогаш Северна, секогаш Македонија“ пред Собранието на Република Македонија се одржува протест против Договорот за спорот за името во организација на група граѓани „Млади за Македонија“. Учесниците на протестот носат транспаренти „Никогаш Северна, секогаш Македонија“ и повикуваат да се зачува уставното име. Спроти почетокот на протестот групата на нивниот Фејсбук профил објавија порака со која апелираат на воздржување од...

Во близина на брегот на Шпанија спасени 418 мигранти

Шпанската крајбрежна стража соопшти дека во три операции во Средоземно Море спасила 418 мигранти. Шпанија е трета земја во Европска унија, по Италија и Грција, во која доаѓаат најголем број мигранти преку Средоземно Море. Прашањето за мигрантите утре ќе биде на дневен ред на мини самитот во Брисел, кој го бојкотираат земјите од Вишеградската група (Полска, Унгарија, Чешка и Словачка), кои...

Поранешен дипломат на Ватикан осуден поради детска порнографија

Ватиканскиот суд денеска го осуди ватиканскиот дипломат монсињор Карло Капела на пет години затвор поради поседување и дистрибуција на детска порнографија. Тоа е прво такво судење во Ватикан. Капела покрај затворската осуден е и на парична казна од 5.000 евра. Капела призна дека гледал слики со детска порнографија во периодот, како што рече, на внатрешна криза предизвикана со преместувањето на служба...

Додик ја обвини Британија дека испратила експерти за дестабилизација во Бања Лука

Претседателот на Република Српска Милорад Додик ја обвини Британија дека се обидува да ја дестабилизира Босна, и дека за таа цел испратила експерти во Бања Лука. - Се работи за експерти кои дејствуваат на социјалните мрежи, во медиумите, кои прислушкуваат, и чија цел е да создадат општ хаос и дестабилизација, пред се во Република Српска, обвини денеска Додик. Според претседателот на...

Продолжуваат разговорите на Албанија и Грција за морската граница

Министерството за надворешни работи во Тирана, попладнево индиректно ги отфрли информациите дека е финализиран договорт со Грција за морската границата, соопштувајќи го текот на последната рунда разговори. Како и за претходните средби и овојпат содржината на соопштението е кратка. Се истакнува дека „средбата во Атина на преговарачките групи беше конструктивна и се одржа во позитивна, пријателска и работна клима“ и...