Приведен дилер на кокаин

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал - Единица за недозволена трговија со дрога при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Е.М. (31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 став...

Заев за „Политика“: Верувам во успех на референдумот

Патриотска должност е на секој политичар, посебно на секој премиер, да се грижи за интересите на граѓаните кои му ја дале довербата и за интересите на државата. Подготвен сум на лидерство, да водам во сите процеси што значат безбедност, зацврстување на меѓународните позиции на Македонија, а и на регионот. Се чувствувам исполнето, бидејки им служам на граѓаните и на...

Коѕијас денеска ќе ги потпише, а утре ќе ги прати писмата до ЕУ и НАТО

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас за денеска најави дека ќе ги потпише, а утре наутро ќе ги испрати писмата до ЕУ и НАТО, дека Грција нема да се противи за европска и евро-атлантска интеграција на Македонија, што е исполнување на нејзиниот дел од обврските од Договорот за решавање на спорот за името.  Како што јави дописничката на МИА од...

Министрите за енергетика на САД и Русија ќе се сретнат во Вашингтон?

Министрите за енергетика на САД и Русија, Рик Пери и Александар Новак, треба да се сретнат идната недела во Вашингтон, во време кога претседателот Доналд Трамп заговара зголемување на производството на нафта, објави синоќа „Волстрит џурнал“, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Весникот дознава дека средбата ќе се одржи во вторник, но дека е неизвесно која е намерата на администрацијата...

Кит Ричардс го продава луксузниот стан во Њујорк

Кит Ричардс, гитаристот на Ролинг стоунс, го продава луксузниот стан во Њујорк, лоциран на славната „Петта авенија“. Цената на станот, во кој Ричардс со неговата сопруга Пети Хансен живеат од 2014 година, е нешто пониска од десет милиони долари. Интересно е дека тие веќе две години се обидуваат да го продадат. Станот се протега на две нивоа и има четири спални соби,...

Во Турција денеска се одржуваат претседателски и парламентарни избори

Во Турција денеска ќе се одржат вонредни претседателски и парламентарни избори откако народот на референдум гласаше за воведување претседателски систем на 16 јули минатата година. Тоа ќе бидат и првите избори што се одржуваат во вонредната состојба воведена во државата по обидот за државен удар во јули 2016 година. Фаворит е актуелниот претседател, Реџеп Таип Ердоган, кој речиси 16 години победува...

Автобусот број „22“ денеска напладне ќе сообраќа само до населбата „Даме Груев“

Автобуската линија со број „22“ на ЈСП Скопје денеска од 12 до 13 часот ќе сообраќа само до населбата „Даме Груев“ поради најавениот протест напладне на група граѓани од Ново Село на улицата „1“ пред складот на „Макпетрол“. Граѓаните ќе протестираат поради проблеми со снабдувањето со електрична енергија. Како што информира МВР, граѓаните во периодот од 12 до 13 часот ќе...

САД побараа од Франција да ја поддржи Македонија кон влез во НАТО и во ЕУ

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја поддржа поканата за членство на Македонија во НАТО и почеток на преговори со ЕУ, и директно побара поддршка од Франција, во телефонскиот разговор со францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив ле Дриан, соопшти Стејт департментот. - Државниот секретар побара од францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив ле Дриан да ја поддржи поканата за влез...

Шестмина екстремисти и двајца војници загинаа во судир во Пакистан 

Пакистанската армија соопшти дека елиминирала шестмина екстремисти во операција во Јужен Вазиристан, во близина на границата со Авганистан. Во судирот во областа Спина Мела загинале и двајца пакистански војници. Операцијата е преземена по добиена информација дека екстремисти од Авганистан, влегле на пакистанска територија преправени како членови на племињата. Племињата се преместени од Спина Мела во воената операција во 2009 година и...

Демонстрантите ќе се борат со сите демократски средства за поништување на договорот

Пред Собранието на Македонија вечерва се одржа мирен протест под мотото „Никогаш Северна, секогаш Македонија“ организиран од Млади на Македонија. Протестот беше организиран против Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство. Учесниците на протестот повикаа за одбрана на уставното име на Македонија. - Ќе се бориме со сите демократски средства за поништување на срамниот Договор. Излегуваме...