Се подготвуваат тужби за земјите од НАТО поради бомбардирањето со осиромашен ураниум
Претседателот на здружението „Осиромашен ураниум“, Свето Ного, рече дека нема да станува збор за колективни тужби, туку за поединечни тужби на луѓето што заболеле од карциноми и за тужби што ќе ги поднесуваат нивните семејства
Првите тужби на српските граѓани што се заболени од карциноми ќе бидат против земјите од НАТО поради бомбардирањето со осиромашен ураниум и се очекува тие...
Вкупно 26 згради во општина Центар ќе добијат енергетско-ефикасни фасади
Вкупно 26 згради во општина Центар ќе добијат енергетско-ефикасни фасади
Уште 26 станбени објакти во општина Центар ќе добијат енергетско-ефикасни фасади, во рамки на реализацијата на проектот на општината чија цел е поквалитетен живот на граѓаните и голема финансиска заштеда за нивните семејни буџети.
- На огласот, кој го објави општина Центар, беа поднесени вкупно 65 пријави, а...
Коѕијас тврди дека никогаш не станало збор за Чамите
Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас изјави дека на разговорите за надминување на одредени прашања со албанската страна никогаш не станало збор околу прашањето за Чамите (протерани Албанци од грчката област Чамарија).
Во написот под наслов „Коѕијас ги разоткри лагите на Рама и Бушати“, порталот „Албеу“ наведува дека Коѕијас во интервју за „euroactiv.com“ изјавил оти албанските претставници никогаш не го...
Можно поевтинување на становите, но не и во општина Центар
Становите во општина Центар нема да поевтинат, но во останатите општини е можно намалување на цените за некој процент, оцени денеска Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништво, индустрија на градежни материјали и неметали при Стопанската комора на Македонија.
Во услови на намален обем на трансакции со недвижностите, како и зголемена понуда на станови, како што рече Серафимовски, во иднина...
Повторно штрајк на вработените во „Еурокомпозит“
Синдикатот на наменската фабрика и загубар „Еурокомпозит“ го реактивира штрајкот поради неисполнените најави дека ќе се решаваат проблемите и статусот на оваа фирма, беше истакнато на денешната прес-конференција пред фабриката „Еурокомпозит“ во Прилеп.
Според Роберт Богданоски, претседател на синдикатот, поминаа два од трите месеци во кои требаше да се решаваат состојбите, но, вели, нема никаква најава за тоа.
- Причината поради...
ДЗС: За една година просечната месечна бруто-плата зголемена за 5,5 отсто
Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во април годинава во однос на април 2017 година е повисока за 5,5 отсто.
Ваквото зголемување, како што се наведува, се должи пред сѐ на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите рударство и вадење камен (32,1 отсто), преработувачка индустрија (13,1 отсто) и објекти...
Нов закон за поголема заштита од дискриминација
Проширување на основите за дискриминација, унапредување на работата на Комисијата за заштита од дискриминација и нејзина професионализација со цел поефикасно решавање на претставките, воведување сексуслна ориентација и родов идентитет како основ за дискриминација, сегрегација како нов облик на дискриминација, зголемување на казните, се дел од решенијата што ги предвидува Предлог законот за заштита од дискриминација, кој поминал на седница...
Столтенберг: Официјална покана за Македонија во јули, приемот ќе зависи од референдумот
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенеберг денеска изјави дека очекува лидерите на земјите членки на Алијансата на Самитот во јули да донесат одлука за официјално започнување на преговорите за полноправо членство на Македонија во НАТО.
Столтенберг очекува да биде постигната согласност Македонија да биде поканета во полноправно членство и да почнат пристапните преговори, но приемот на земјата ќе зависи од...
Квалитетниот туризам бара квалитетна инфраструктурна мрежа
За понатамошен развој и поголем раст на бројот на туристите во земјава неопходно е угостителите да обезбедат врвна услуга, што побргу да се завршат почнатите инфраструктурни проекти низ целата земја и тоа не само изградба на автопатишта туку и повеќе регионални патни правци. Неопходно е донесување детални урбанистички планови, за да се знае каде што може да се гради,...
Царовска: Се утврдуваат евентуални пропусти за случајот со настраданите деца во Велес
На семејството чии три деца загинаа во пожар во нивниот субстандарден дом во Велес социјалните работници му нуделе сместување под кирија уште пред да се случи трагедијата, но, одбивало. Дали постои евентуален пропуст во нивната работа, испитува социјална испекција која во петокот и денеска е во велешкиот Центар, вели министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, иако, потенцира,...





































