Европа ни наложува православен дуализам
Многупати верските аналитичари предупредувале дека целта на Вранишковски не е да го оствари правото на вероисповед, туку да направи обид за превласт на црковниот живот во Македонија преку манипулација со верниците. Во таа насока се поставува и дилемата дали менување на Законот за правна положба на црква, верски заедници и религиозни групи, за да се овозможи регистрација на Јовановата...
Земји на ЕУ формираат сили за брза интервенција
Девет земји на ЕУ се договорија да формираат европски воени сили што ќе може брзо да се распоредат и да интервенираат при кризи во близината на европските граници. Силите, кои се познати како Европска иницијатива за интервенирање (ЕИИ) и се поддржани од францускиот претседател Емануел Макрон, ќе им овозможат на членките на коалицијата да дејствуваат независно од структурите на...
Кои видови овошје имаат најниска, а кои највисока содржина на шеќери?
Ако внимавате на вашата исхрана, особено на внесот на јаглехидрати, важно е да знаете колкаво количество шеќери внесувате во текот на денот. Тоа значи да внимавате и на оние здрави шеќери што ги содржат плодовите како што е овошјето. Иако тоа е дел од здравата исхрана, поради високата содржина на микронутриенти, витамини и минерали, некои плодови содржат многу високо...
Одлуката за преговори во јуни 2019 и договорот за името во фокусот на отворањето на Рос Рот семинарот
Во Скопје денеска започна тридневниот 98. Рос Рот семинар посветен на Евроатланската интеграција на Западен Балкан:зајакнување на Европскиот мировен процес.
Претседателот на Собранието Талат Џафери во воведното обраќање рече дека е убеден оти договорот за спорот со името потпишан од премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, најдоцна до крајот на годинава ќе биде имплементиран од двете страни во целост, и...
Издадени налози за апсење за 99 лица за врски со Ѓулен
Обвинителството во Анкара денеска издаде потерници за 99 лица поради врски со Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), обвинета за обидот за државен удар во 2016 година, пишува „Сабах".
Меѓу осомничените се командир и 30 поранешни пилоти на воздухопловни сили на Турција.
Безбедносните сили започнаа и операции за апсење на 22 војници од активниот состав поврзани со ФЕТО, во 13 окрузи на земјата....
Прошетка низ сништата во Токио
Посетата на Музејот на дигитална уметност во Токио, на луѓето им дава впечаток дека сонуваат, благодарение на модерната технологија која создава илузии, со што посетителите имаат чувство оти шетаат низ оризови полиња, или се движат низ вселената.
Кварезма за миг излезе од сенката на Роналдо
Португалскиот репрезентативец стана најстариот стрелец на деби-меч на светските првенства
Рикардо Кварезма (34 години и 272 дена), стрелецот на единствениот гол за Португалија на мечот со Иран, е највозрасниот фудбалер што постигнува гол на првиот настап на едно светско првенство (СП), пред Иранецот Јаја Голмохамади (33 години и 84 дена) на СП 2006 година, на мечот со Мексико (1-3). Кварезма...
Македонија е цврсто седма во Европа
На новата ранг-листа на ЕХФ за клупската сезона 2019/2020, Македонија е седма, со поголема разлика од лани пред осмопласираната (сега Португалија, на претходната листа беше Хрватска) и со само 5,5 бода зад Данска на 6-то место
Македонските екипи учеснички во Лигата на шампиони (ЛШ) и во Купот на ЕХФ со своите резултати го задржаа минатогодишниот рејтинг и остануваат на седмата...
Купер повеќе не е селектор на Египет
Египетскиот фудбалски сојуз одлучи да го отпушти селектор Ектор Купер по елиминацијата на репрезентацијата уште по групната фаза на Светското првенство во Русија.
По 28 години, Египет повторно дојде во Мундијал, но во групата со Саудиска Арабија, Уругвај и домаќинот Русија заврши без освоен бод со постигнати само два гола од страна на Мохамед Салах.
- Сакаме да му се заблагодариме...
Да се дознае вистината
Зоран Михајлов
специјално од Тарагона за „Нова Македонија“
Последните настани во медитеранското село за Медитеранските игри (МИ) во Тарагона, очигледно ја разбрануваа јавноста. Наместо да зборуваме за настапите на спортистите, за постигнување што подобри резултати, се занимаваме со некои работи што се некако типично „македонски“. Не знам, можеби грешам, но во моментите кога имаме спортисти како ракометарките на пример, кои согоруваат...






































