Претставата „Дух“ во МНТ одложена за утревечер
Претставата „Дух“ на Македонскиот народен театар, која вечерва требаше да биде изведена во рамки на „Скопско лето“, од технички причини е одложена за утревечер од 21 часот за кога ќе важат и билетите, соопшти Дирекцијата за култура и уметност-Скопје по известувањето од МНТ.
Премиерата на „Дух“ беше во април годинава. Претставата е според текст на Дејан Дуковски и во режија...
Русија повлече 1.140 војници од Сирија
Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека Русија повлекла 1.140 воени лица и 13 воени авиони од Сирија во последните неколку денови.
- Почнавме да ги повлекуваме нашите сили за време на мојата посета на базата Хмеимим и тоа продолжува. Во последните неколку денови се повлечени 13 воени авиони, 14 хеликоптери и 1.140 воени лица, истакна Путин.
Рускиот претседател ја посети...
Главната расправа за настаните од 27 април закажана на 22 август
Главна расправа по предметот за настаните од 27 април минатата година што се случија во Собранието на Република Македонија ќе се одржи на 22 август, информираат од Кривичниот суд.
- По предметот КОК бр. 40/18 што беше оформен по одобрување на обвинителниот акт КОК ООА 10/18, а поврзан со настаните од 27 април 2017 година што се случија во Собранието...
Продолжен рокот за приватизација на државно земјиште
Собранието ги донесе измените на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, со кои до 31 декември 2021 година се пролонгира рокот за поднесување барање за приватизација на земјиштето.
Осум дена по објавувањето на измените на Законот во Службен весник, граѓаните повторно ќе можат да поднесуваат барања за приватизација на земјиште во државна сопственост.
Рокот за поднесување...
Туск: Отворен е патот кон ЕУ, останете посветени на реформите
Ова е добра недела за вашата земја и за Западен Балкан, министрите за надворешни работи на ЕУ го отворија патот за отпочнување преговори за членство за Македонија и Албанија во јуни 2019 година и за неколку часа очекувам шефовите на влади да ја потврдат одлуката, изјави денеска прес-конференција претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск со премиерот Зоран Заев.
Рече...
Путин и Трамп ќе се сретнат на 16 јули во Хелсинки
Самитот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп ќе се одржи на 16 јули во Хелсинки, во Финска, објавија денеска светските агенции.
Трамп вчера пред новинарите изјави дека со Путин ќе разговара за војната во Сирија и ситуацијата во Украина.
Во март телефонски му честиташе на Путин за повторниот избор за претседател со големо мнозинство и му...
Сашо Мијалков не се чувствува виновен за „Трезор“
Обвинетите Сашо Мијалков, Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски на денешното рочиште во Кривичниот суд за случајот „Трезор“ рекоа дека го разбрале обвинението, но оти не се чувствуваат виновни за предметното дело.
Во овој случај обвинет е и поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, за кого Судот денеска одлучи да му се суди во отсуство.
Обвинителот од СЈО, Артан Ајро во водениот говор рече...
Тетовските ученици повеќе заинтересирани за стручни училишта
Во тетовските средни училишта има повеќе интерес за стручното образование отколку за гимназија, велат од општинскиот сектор за јавни дејности. Се смета дека сликата кај средношколците е променета и дека се повеќе сакаат да посетуваат настава која ќе им овозможи да имаат стручен профил.
Ахмед Ќазими, раководител на Секторот смета дека состојбата ја покажува општинската политика посветена на потребите на...
Важно е да пиеме вода полека и со уживање
Треба да пиеме многу вода во текот на денот, но понекогаш грешиме трудејќи се да испиеме доволно
Не е во ред доколку наеднаш во текот на денот го испиеме она количество вода што го препорачуваат експертите. Претходно се советуваше да се испијат осум чаши вода во текот на денот, но неодамна најновото истражување вели дека во текот на денот ќе...
ИФФК „Браќа Манаки“од 22-ри до 29 септември под слоганот „Симнуваме капа“
Под слоганот „Симнуваме капа“ (Hats off), од 22-ри до 29 септември во Битола ќе се одржи 39. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, за кое интензивно се прават подготовките, соопшти денеска на прес-конференција во Скопје раководството на фестивалот.
Повод беше соопштувањето на добитникот на „Златна камера 300“ за животно дело - британскиот оскаровец Роџер Дикинс, кинематографер на култни филмови...







































