Квалитетни и навремени советодавни услуги за модерно, конкурентно земјоделство
Ако не создадеме квалитетен советодавен систем во земјоделството, да си дадеме оставка и да си одиме дома, истакна денеска ресорниот министер Љупчо Николовски на јавната дебата што ја организира Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ).
Николовски рече дека е згрозен од тоа што во Македонија само една институција обезбедува советодавни услуги за земјоделците, а капацитетите во овој сегмент се...
Собраќајка во Тетово, шест лица повредени
Шест повредени лица и материјална штета од околу 200 илјади денари се последиците од сообраќајната несреќа во која учествувале четири возила што се случила синоќа околу 23 часот и 20 минути на улицата „Илинденска“ во Тетово, информираа од СВР Тетово.
Според полициските податоци, две од возилата биле во движење, а две биле паркирани. Се судриле „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици...
Кривична за Харадинај и 17 министри затоа што си ги зголемија платите
Пратеничката на опозициското Движење Самоопределување (ВВ) Албулена Хаџиу поднесе денеска кривична пријава за косовскиот премиер Рамуш Харадинај и 17 други функционери, вицепремиери и министри, кои учествувале во донесуваењто на одлуката за зголемување на сопствените плати, јавува дописникот на МИА од Приштина.
Хаџиу во оваа прилика им изјави на новинарите дека, откако овие функционери ги примија зголемените плати, тоа претставува конфликт...
РСБСП ги предупредува младите за опасноста од возење во раните утрински часови
„Младост е да уживаш во летните авантури, лудост е тие да прекинат зад воланот!“ е пораката од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП) до младите возачи кои ослободени од училишни и факултетски обврски во летниот период се забавуваат цела ноќ и потоа возат во раните утрински часови.
РСБСП предупредува дека заморот и поспаноста се ризични и причина за...
Предадени вековните национални идеали
Поранешниот дипломат Ристо Никовски во пообемен текст за „Нова Македонија“ се осврнува потемелно на договорот за надминување на разликата за името со Грција. Неговите ставови за овој договор досега ги изнесувал во повеќе текстови, во телевизиски дебати и во интервјуа, но во текстовите што ќе ги објавиме во неколку продолженија прави детална анализа. Насловите се редакциски
Да мораш да се...
ЗНМ бара деблокирање на медиумските реформи во Собранието
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) на денешната прес-конференција изрази загриженост затоа што, како што велат, опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку фиктивна амандманска расправа во собраниската Комисија за транспорт и врски го блокира донесувањето на измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги кој е клучен за почнување на медиумските реформи во земјата и со кој треба да биде подобрен...
Продолжи судењето за Јанакиески за „Сончев град“
Со презентација на материјални докази поврзани со комплексот „Сончев град“, меѓу кои извештаи од затворени седници на Влада, поднесоци од државното правобранителство до Влада, извештаи од вештачења, комисии и анализи, катастарски извештаи за градежни парцели и друга документација од страна на обвинителите од СЈО денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за „Топлик“.
Одбраната на обвинетиот поранешен министер за транспорт и врски...
Бариерите на човечкиот ум најтешко се премостуваат
Тие што го познаваат отсекогаш го паметат како човек што секогаш беше ведар, насмеан, расположен за шега и (пре)раскажување вицеви.
Во битолската чаршија немаше човек што не го познава. Но судбината си поигра со неговиот живот. Љубовта кон слаткиот живот, а особено кон слатките, не само што го загорчија, туку и во целост му го сменија животот. Поради гангрена најпрво...
Туск: Отворен е патот кон ЕУ, останете им посветени на реформите
Ова е добра недела за вашата земја и за Западен Балкан, министрите за надворешни работи на ЕУ го отворија патот за почнување преговори за членство за Македонија и за Албанија во јуни 2019 година и за неколку часа очекувам шефовите на влади да ја потврдат одлуката, порача претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск, од вчерашната заедничка прес-конференција со...
Три лица уапсени за тероризам во Косово и едно во Германија
Три лица се уапсени денеска во Приштина и Скендерај (Србица), а едно во Германија, под сомнение дека извршиле терористички дејствија, јавува дописникот на МИА од Приштина.
Како што соопшти косовската Управа за борба против тероризмот, денешното апсење е резултат на неколкумесечна истрага, спроведена во соработка со Агенцијата за разузнавање на Косово и со соодветните германски служби, а четирите лица се...







































