Дескоска најави нов модел на Антикорупциска комисија
Министерката за правда Рената Дескоска денеска изјави дека се работи на закон за спречување на корупцијата и една од задачите на работната група е да дефинира нов модел на Антикорупциска комисија која ќе биде експертска, ослободена од какви било политички влијанија и која ќе има ингеренции навистина да ја врши својата работа онака како што треба.
- Дилемата беше дали вреди...
Се запали автобус на ЈСП
Градски автобус на ЈСП-Скопје што сообраќа на линијата „24“ претпладнево се запалил на постојка во Кисела Вода.
Пожарот настанал од инсталацијата. Возачот интеревенирал за да го изгасне пожарот, но повикал и екипи од Противпожарната служба. Повредени нема.
Автобусот бил од постаро произвопдство од марката „МАН“ дел од возниот парк на ЈСП.
Уште една жена го обвини Вајнштајн за силување
Обвинителството на Њујорк синоќа објави дека е поднесено ново обвинение против поранешниот продуцент Харви Ванштајн, кој веќе е обвинет за силување и сексуално злоупотребување на две жени.
Новото обвинение се однесува на "принуден сексуален чин" во 2006 година, за ова дело можно е режисерот да добие до десет години казна затвор, се вели во соопштението на обвинителството, потсетувајќи дека првите...
Невообичаените услови на „Вимблдон“ ги натераа мажите да бараат исти правила како и за дамите
Се очекува тековниот „Вимблдон“ да биде најжешкиот досега во 141-годишната историја на тенискиот гранслем-турнир, со што постои можност мечевите во женска конкуренција да бидат прекинувани поради високите температури, пишува британски „Индепендент“.
Температурата од 29 степени Целзиусови на првиот ден на турнирот, беше втора највисока измерена на отворањето, откако се игра тенис на Сеанглискиот клуб. Се очекува температурата да се искачи...
Собрани над 16 тони отпад од електронски и електрични уреди во Скопје и околината
Преку акцијата на „Екон Електрон“ и „Екоцентар 97“ во изминатите 2 месеца беа собрани над 16 тони отпад од електричните и електронските уреди од околу 200 домаќинства во Скопје и околината.
Граѓаните кои имаа стари и неупотребливи електрични апарати или електронски уреди можеа да се јават, да договорат нивно бесплатно преземање и да добијат определен паричен надоместок за уредот. Просечно,...
Почитувањето на законите и на јавниот ред и мир е императив
Саботната вечер во Градскиот парк во Скопје ја обележа големата акциска контрола спроведена во седум угостителски објекти. Акцијата ја реализира СВР-Скопје заедно со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд. При извршената контролата легитимирано е 21, а приведени се три лица.
Според информациите од МВР, контролата е спроведена во периодот од 1.15 до 3.30 часот...
НАТО – гарант на сувереноста или нејзин ограничувач
Фактот дека со одлуките сите досегашни влади, а и граѓаните, според досегашните анкети, го сварија нашето приклучување кон НАТО како една фундаментална стратегиска определба нѐ прави отворени и подготвени за ваков вид придружување кон еден поголем организам. Но, сепак, во актуелната политичка констелација и турбулентен амбиент, предизвикан со договорот од Нивици, договорот за добрососедство со Бугарија, токму приближувањето на...
Иднината на електричните автомобили е во Кина
Веќе со години Кина е најголемиот светски произведувач на соларни панели и најголем инвеститор во системите за обновлива енергија. Економската суперсила сега своите напори и парична моќ ги насочува кон производство на електрични автомобили, со намера да го освои глобалниот пазар и во овој сектор.
Целта на кинеската влада е преку засиленото производство на електрични автомобили да се намали огромното...
Зошто МПЦ-ОА мора да остане национална црква на македонскиот народ?
Евентуалното заживување на т.н. договор од Нивици, поточно промената на нашиот устав, односно преамбулата, е во тесна корелација и директно се рефлектира и врз комбинаториките за признавање на Македонската православна црква-ОА од страна на Вселенската патријаршија само под името Охридска архиепископија. Како што стојат работите засега, интелектуалците и аналитичарите предупредуваат на силните индикатори дека тоа би можело да предизвика...






































