Kвалитетно стручно образование за младите и нивно вработување
Реформирање на системот за развој на стручни вештини и стекнување квалитетно стручно образование за младите од 15 до 29 години, што ќе придонесе за нивно вработување, е целта на десетгодишниот проект „Образование за вработување во Македонија“ (Е4Е@mk) на Амбасадата на Швајцарија во Македонија.
Швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Техада рече дека проектот ќе има буџет 12,5 милиони евра и очекуваат да...
Трипартитниот дијалог да се подигне на највисоко ниво
Предмет на социјалниот дијалог се прашања од интерес за вработените, нивните синдикати и работодавците, односно стратегијата и политиката на вработувањето, економската и социјалната политика, предлози на закони од областа на работното и на социјалното законодавство, политиката на плати и колективното договарање
За да има забрзан и одржлив економски раст потребно е водење социјален дијалог и создавање услови за економска и...
Вработените во „Еурокомпозит“ ги бараат заостанатите плати пред Владата
Вработените во „Еурокомпозит“ од Прилеп поставија шатори пред Владата, во рамките на протестот со кој бараат конечно решение за фабриката за производство на воена опрема.
Тие порачаа дека нема да се повлечат, барајќи решавање на статусот на фабриката и исплата на заостанатите плати и придонеси. Вкупно 260 вработени побаруваат 18 заостанати плати и придонеси од 2012 година.
Владата, претходно распиша тендер за избор...
Мултикултурна театарска претстава вечерва во Кичево
Вечерва со почеток во 18 часот, во големата сала од Центарот за култура во Кичево, од страна на ученици од сите националности од градот, ќе биде изведена Мултикултурна театарска претстава,што е дел од проектот „Околу светот, културен клуб и мултикултурен камп“.
- Вечерва група ученици од нашиот град, од сите националности што живеат на просторите на Општина Кичево, ќе изведат...
Две младински селекции, две цели – дивизија А и тест за СП 2019
Работно лето им претстои на избраниците на Данило Брестовац од младинската и од кадетската машка ракометна репрезентација, кои во следните два месеца ќе бидат дел од ЕХФ-шампионатите од дивизијата Б, кои ќе се одржат во Македонија (јуниори до 20 години) и во Грузија (кадети до 18 години).
Утре во 10 часот во салата „Пролет“ во Скопје ќе почнат подготовките на...
Улогата на Вашингтон, Берлин и на другите
Поранешниот дипломат Ристо Никовски во пообемен текст за „Нова Македонија“ се осврнува потемелно на договорот за надминување на разликата за името со Грција. Неговите ставови за овој договор досега ги изнесувал во повеќе текстови, во телевизиски дебати и во интервјуа, но во текстовите што ги објавуваме во четири продолженија прави детална анализа. Насловите се редакциски
Вашингтон и досега го поддржуваше...
Коблер: Никогаш не сте биле поблиску до ЕУ од сега
Јасната европска перспектива на регионот на Западен Балкан и на Македонија останува врвен приоритет на австриското претседателство со ЕУ. Македонија никогаш не била поблиску до Унијата отколку сега и затоа треба да остане на реформскиот пат, а Австрија ќе биде нејзин силен поддржувач на тој пат, порача амбасадорката на Австрија во Македонија Ренате Коблер, претставувајќи ги приоритетите на австриското...
Ќе се тргува со органскиот отпад
Решавањето на проблемот со органскиот отпад особено ќе ги израдува битолчани, а и жителите на Новаци, кои во последните неколку години се жалат на загадениот воздух што го дишат, а во што значајна улога имаше и органскиот отпад што се складира на разни диви депонии низ Битола
Справувањето и ослободувањето од органскиот отпад со години беа еден од најсериозните и...
РСБСП: Совети за возачите да останат безбедни кога се сами на подолг пат
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата РСБСП денеска упати совети до возачите како да ја задржат концентрацијата и да останат безбедни и тогаш кога се сами повеќе часови зад волан.
- Избегнувајте да патувате навечер и во раните утрински часови. Почитувајте го биоритамот на вашиот организам и на тој начин ќе бидете повеќе подготвени да патувате сам и...
Ќе произлезе ли квалитетна одлука по жолчните дебати во градското собрание
Најавената одлука на скопскиот градоначалник Петре Шилегов за регулирање на паркирањето за моторите предизвика многу дебати помеѓу граѓаните, но, секако, и помеѓу моторџиите и градоначалникот. Заедницата на моторџии најпрво викендов оствари средба со градоначалникот, а потоа нивни претставници вчера вторпат се сретнаа со него, за да ги спротивстават аргументите и ставовите, со цел да се најде прифатливо решение и...






































