Вучиќ: Кинезите ќе ги има од Смедерево до Бор

Претседателот на Србија Александар Вуќиќ по обиколката на железарата во Смедерево Хестил Србија, која е во сопственост на кинеската компанија  „Хбис груп“, изјави дека очекува една кинеска компанија да се јави на тендерот за стратешко партнерство за Рударско-топионичарски басен (РТБ) Бор. - Очекувам една кинеска компанија да се јави на тендерот РТБ Бор , кој во најкус можен период ќе...

ЕК отвара јавна консултација за летното пресметување на времето

Европската Комисија објави јавен прашалник во рамки на консултациите за укинување на сезонското пресметување на времето, јави дописничката на МИА од Брисел. Консултацијата доаѓа по резолуција на Европскиот Парламент изгласана во февруари годинава во која европратениците побараа од Европската Комисија да направи нова проценка за менувањето на времето во зима и во лето. Сезонските пресметувања на времето беа воведени во 70-тите...

Меј: Многу сум вознемирена поради новото труење со „Новичок“

Британската премиерка Тереза Меј изјави денеска дека е многу вознемирена, бидејќи двајца британски граѓани се отруени со нервниот агенс „Новичок“. - Многу е вознемирувачко да видиш дека уште две лица биле изложени на „Новичок“ во Британија и полицијата, знам, дека ќе го преврти секој камен во текот на истрагата- изјави Меј во Германија, каде што се сретна со германската канцеларка...

Белгија подготвува целосна декриминализација на абортусот

Иако абортусот во Белгија беше делумно декриминализиран во 90-тите години, прекинот на бременоста се уште е запишан во Кривичниот законик, нов предлог закон на владиното мнозинство во Белгија од денеска се разгледува во Парламентот. Сегашниот закон предвидува дека законскиот рок за прекин на бременоста е 12 недели, притоа на жената мора да и бидат оставени минимум седум дена да размисли...

Мадуро ја повика армијата да биде подготвена за „американска инвазија“

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро денеска ја повика армијата да биде подготвена за „американска инвазија“. Неговиот апел уследи откако вчера американските медиуми објвија дека американскиот претседател Доналд Трамп минатото лето ја разгледувал можноста за инвазија во Венецуела.  - Не можете да ја соборите гардата за една секунда, бидејќи ние ќе го браниме најфундаменталното право што го стекнавме низ историјата, а тоа...

Јапонија: Поројни дождови принудија да се евакуираат илјадници жители

Jапонските власти наредија евакуација на населението од околината на древниот град Кјото, поради поројните дождови во западните региони, при што загина едeн човек.  Околу 160.000 лица беа посоветувани да се евакуираат откако метеоролозите предупредија дека врнежите, кои ги нарекоа „историски“,  може да продолжат до крајот на неделата.  - Неопходна е сериозна претпазливост- изјави на  прес конференција  претставник на Јапонската метеоролошка служба...

Во Шпанија разбиена криминална мрежа, уапсени 129 лица

Во акција на шпанската полиција и Интерпол разбиена е криминална мрежа, која дејствуваше од Кавказ до Шпанија и Франција, при што се уапсени 129 лица. - Уапсените, воглавно Американци, се сомничат за кривични дела - поседување на оружје и кражба на накит -  соопшти денеска Интерпол. Тоа е една од поголемите операциии во Шпанија, при што е извршен претрес во повеќе...

Постигнат договор за Еурокомпозит, шаторите се тргаат од пред Владата

Постигнат е договор меѓу вработените од Еурокомпозит и Владата. Ќе им бидат исплатени две плати до петок и ќе се бара решение исто како што се решаваше „Фени Индустри“.  Договорот е постигнат на денешната средба меѓу вработените и претставници на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.    - Владата презема обврска на ист начин...

Штипските градинки имаат долги листи на чекање

Двете штипски градинки „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“ бараат од Советот на Општина Штип согласност да им се зголемат групите во градинките, бидејќи имаат долга листа на чекање за прием на деца. Директорката на градинката „Астибо“, Билјана Трајчевска вели дека воспитeн кадар имаат, но капацитетите се помали, со што се соочуваат и да имаат листи за чекање. - Во една занимална...

Занаетчиите бараат регистар, промени во ДДВ и државните субвенции

Потребен е регистар на занаетчии, нивно поврзување со средните стручни училишта, промена во даночната политика за оваа сфера и нов систем за субвенционирање, покажала студијата „Преку проценка на влијанието на регулативата на занаетчиската дејност до подобрување на деловната клима“ на Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ од Скопје. Истражувањето направено за студијата, што беше промовирана денеска, покажало дека...