Кина поднесе тужба против американските царини до СТО
Кина денеска поднесе тужба против американските царини до Светската трговска организација (СТО), соопшти кинеското Министерство за трговија.
Како што јави ДПА, Кина претходно најави дека вечерва по полноќ ќе ја информира СТО за царините воведени од страна на САД, кои стапија во сила од денеска.
Европската унија и Канада, предходно исто така, поднесоа тужби до СТО поради американскте царини.
Буфон и официјално нов голман на ПСЖ
Легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон и официјално е нов голман на ПСЖ, објави францускиот клуб.
Буфон со ПСЖ денеска потпиша едногодишен договор со клаузула за продолжување на соработката за уште една дополнителна година, доколку бидат задоволни и двете страни.
Тој минатата сезона го напушти Јувентус, иако италијанскиот клуб му понуди ангажман, и одлучи кариерата да ја продолжи во Париз.
- Знам за...
Османи: Македонија доби јасен патоказ за членство во ЕУ
Вицепремиерот Бујар Османи смета дека со заклучоците на Советот на ЕУ Македонија добила јасен патоказ за членство во Унијата. Јуни 2019 година како датум, вели тој, е термин кој е најповолен за Македонија со оглед на двата процеси што треба да ги води, скринингот како подготовка за преговори од една и референдумот, промената на уставот и претседателските избори од...
ОПЦВ: Во Дума корисистен хлор, но не и нервни агенси
Прелиминарната анализа на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) покажа дека во нападот во сирискиот град Дума во април, бил користен хлор, но нема докази дека бил употребен нервен агенс.
Нападот, во кој беа убиени десетици цивили, беше повод за воздушните напади на Велика Британија, Франција и САД врз позиции на сириските владини сили.
ОПЦВ испрати своите претставници во Дума...
Зверев со пресврт во продолжението го совлада Фриц
Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во третото коло на тенискиот Гренд слем турнир во Вимблдон, откако во продoлжението го совлада Американецот Тејлор Фриц со 3:2 во сетови.
Натпреварот меѓу Зверев и Фриц вкупно траеше три часа и 16 минути, а синоќа пред прекинот германскиот тенисер губеше со 1:2 во сетови.
Но, на денешното продолжение Зверев направи целосен пресврт и извојува...
Уапсена жена која пренесувала кокаин во стомакот
Дваесет и четиригодишна жена, идентификувана како државјанка на Перу, е уапсена на атинскиот меѓународен аеродром под обвинение за шверц со дрога, откако пристигнала во Атина на лет од бразилскиот град Сао Паоло преку Цирих, објави електронското издание на весникот „Катимерини“.
Осомничената била запрена и испрашувана за време на полициска проверка, а инспекторите откриле дека таа проголтала 42 капсули кои содржеле 1,2...
Веб апликација која ќе овозможи Буџетот на РМ да биде подостапен и транспарентен
Во Министерството за финансии денеска попладне почна првиот Фин хакатон на кој над 70 млади лица ќе работат на развивање апликација што ќе ја користи ова Министерство за во иднина да го направи Буџетот на РМ подостапен и транспарентен за граѓаните.
Натпреварувачите на Фин Хакатонот, организиран од Министерството за финансии во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој, во...
Заев на Самит на шефови на влади во Кина со земјите од Централна и Источна Европа
Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев утре ќе учествува на седмиот Самит на шефови на влади на процесот за соработка на НР Кина со земјите од Централна и Источна Европа (16+1) во Софија, Бугарија.
Во состав на владината делегација се вицепремиерот за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и...
Франција обезбеди пласман во полуфинале
Франција обезбеди пласман во полуфиналето, откако го совлада Ургвај со 2:0 во натпревар од четвртфиналната фаза на Светското првенство во Русија.
По изедначено прво полувреме, Франција во 40-та минута поведе со 1:0. Стрелец на голот беше Рафаел Варан, кој погоди со глава откако претходно Антоан Гризман изведе слободен удар.
Антоан Гризман во вториот дел ја зголеми предноста и во 61-та минута...
Нападната вработена во спортска обложувалница во Скопје
Маж физички нападнал жена, вработена во спортска обложувалница на улицата „Невена Георгиева- Дуња.
МВР соопшти дека на нападот претходела вербална расправија помеѓу напаѓачот со иницијали М.Н. и вработената во обложувалницата.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.







































