Ердоган положи заклетва и стана претседател со проширени ингеренции
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска во Парламентот во Анкара положи свечена заклетва за стапување на функцијата, со што официјално почна неговиот нов претседателски мандат и во исто време стапија во сила уставните измени со кои Турција се трансформира од парламентарна во претседателска република.
По полгањето на свечената заклетва пред пратениците со која се обврза на почитување на Уставот,...
И Борис Џонсон поднесе оставка поради плановите на Тереза Меј за Брегзит
Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон денеска поднесе оставка заради плановите на премиерката Тереза Меј за напуштање на Европската унија(ЕУ), што е втора таква оставка во еден ден што ги разниша плановите на британската премиерка за заминувањето на Британија од ЕУ.
Британскиот министер за Брегзит Дејвид Дејвис денеска исто така поднесе оставка бидејќи, како што наведе, не сака да...
НЛБ Нов пензиски фонд ребрендиран во Сава пензиско друштво
НЛБ Нов пензиски фонд а.д. Скопје го заврши процесот на пререгистрирање и ќе продолжи да функционира под името Сава пензиско друштво а.д. Скопје.
Како што информираат од пензиското друштво, во иднина тоа ќе продолжи да управува со двата пензиски фонда и тоа задолжителениот пензиски фонд, со ново име Сава пензиски фонд и доброволниот пензиски фонд, Сава пензија плус.
- Заедно со...
Можни се нови жртви на труење со „Новичок“
Шефот на британската единица за борба против тероризмот Нил Басу денеска изјави дека детективите не можат да утврдат дали супстанцијата „Новичок“, на која биле изложени двајца Британци, е истата која била употребена при труењето на поранешниот руски агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија.
Доун Старџис (44) почина вчера откако на 30 јуни била изложена на „Новичок“ во Западна Англија,...
Гатачка измамила скопјанка
Скопјанка останала без злато откако гатачка и рекла дека ќе и помогне да го тргне „лошото“ од нејзиниот живот.
Како што соопшти МВР, јасновидка и кажала на В.С.(29) дека и е направено нешто лошо и и го земала златото, за наводно да го однесе во црква.
Откако гатачката дошла во нејзиниот двор со намера да и продаде женска гардероба на пријавителката,...
На Евзони се чека околу два часа
Oколу два часа се чека денеска на грчко-македонската граница, на граничниот премин Евзони за излез од Грција.
На границата се формирани неколку колони возила од кои најмногу се со македонски и српски регистарски таблички. Забележливи се и туристи од Босна и Херцеговина, Романија и Унгарија кои денеска заминуваат од Грција.
За разлика од Евзони, на македонскиот дел од границата, на граничниот...
Умерено консумирање пиво го продолжува животот
Според верувањата, пивото е најстариот алкохолно - освежителен напиток во човечката историја, а најновите истражувања на Универзитетот на Калифорнија говорат и дека едно пиво на ден позитивно влијае на крвта, циркулацијата, притисокот и нивото на холестерол.
Истражувајќи го влијанието на пивото врз гените, како што пишува списанието ПЛОС Генетикс, научниците дошле до сознанија дека пивото ги продолжува теломерите. Теломер е дел од...
Официјален крај на војната помеѓу Еритреја и Етиопија
Претседателот на Еритреја, Исаја Афверки и премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед денеска потпишаа заедничка декларација за мир и пријателство, со што првпат се воспоставени официјални дипломатски односи помеѓу двете држави по прекин од две децении.
Со потпишувањето на Декларацијата, официјално е ставен крај на воената состојба помеѓу двете соседни држави, изјави еритрејскиот министер за информации Јамаен Гебремескел.
Голем број жители на...
Чекалните во кичевската болница како во 19 век
И покрај надежите на граѓаните на Кичево дека по 30 години конечно ќе биде завршена новата болница, сепак нивните очекувања не се остварија а тие и понатаму ќе мораат здравствените услуги да ги добиваат во болничка зграда изградена пред 90 години и каде што не се задоволени ни минимум стандардите за една здравствена установа.
Чекалниците наликуваат на вистински отпад за...
Што се случи со истрагата за Калина и Александар?
Револтирани од спороста на институциите во врска со истрагата за трагедијата од 10 февруари на Кајмакчалан, кога настрадаа планинарите Калина Велевска и Александар Миновски, роднините на починатите се обратија со ново писмо. Писмото го објавуваме интегрално.
„Поминаа 5 месеци од трагичната смрт на Калина и Александар на Кајмакчалан, а надлежните органи, не излегоа со став за утврдената одговорност, што во...







































