Стоеденот „Марина“ – македонски претставник на фестивалот на олдатјмери во Бар
Филип Сених е пасиониран љубител на стари возила, а стоеденот „Марина“, со кој учествуваше на фестивалот во Бар, е негов втор автомобил од оваа марка, бидејќи претходно ја возеше постарата „Љубица“, произведена во 1972 година
Филип Сених (25), гордиот сопственик на олдтајмерот „Марина“, возило од марката „застава 101“ од 1974 година, заедно со својата екипа што го придружуваше на ова...
Подновениот Антички подготвен за отворањето на „Охридско лето“
Како солисти ќе се претстават извонредната певица, сопранот Елена Мошуц и тенорот Калин Братеску од Романија, со изведба на арии од опери на Пучини, Гуно, Маскањи, Белини, Верди...
Вечерва во 21 часот во Античкиот театар во Охрид свечено ќе биде отворено годинашното „Охридско лето“ со настапот на оркестарот на Македонската филхармонија, под диригентската палка на маестро Николае Молдовеану од Романија....
Далиќ: Бог ни даде шанса за одмазда
Хрватскиот селектор Златко Далиќ, по победата над Англија (2:1) и пласманот во финалето на Светското првенство рече дека неговиот тим има шанса да ја одмазди селекцијата од 1998 година.
- Франција има квалитетен тим, врвни играчи. Нас нė чека тешка работа. Двете екипи имаат квалитет, а на нас е да се подготвиме и одиграме најдобро што можеме. Бог ни даде...
„Човекот и огнот“ на Пројковски на театарски фестивал во Саранда
„Театар фабрика“ со претставата „Човекот и огнот“ во режија на Дејан Пројковски вчера гостуваше на театарски фестивал во Саранда, Албанија. Меѓународниот летен фестивал „Бутринти“ се одржува на истоимениот антички локалитет.
Фестивалот има долга традиција и локалитетот каде што ќе се одржи претставата е автентичен во однос на естетиката и поетиката што ја носи претставата „Човекот и огнот“. Таа зборува за...
Дедото на Тамара доби седум години и шест месеци затворска казна
Седум години и шест месеци затворска казна доби дедото на Тамара, Љупчо Стојановски за Убиство во обид на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.
Судиката Софија Лаличиќ во образложението за пресудата меѓу другото рече дека преовладувала одмаздата, а не правдата и дека оштетениот е жив, но не поради тоа што дедото на Тамара не сакал да го убие, туку поради...
ЛСИ нема да ја поддржи Владата на Рама
Албанското Социјалистичко движење за интеграција (ЛСИ), чиј основач е актуелниот претседател на Албанија, Илир Мета денеска порача дека никогаш нема да биде дел од некакви пазарења за спас на Владата на премиерот Еди Рама.
- Нема и нема да има никаков договор или разговори за да продолжи агонијата на оваа Влада, која е потоната во криминал, илегална трговија и корупција...
Сон на летната ноќ
Лада Шоптрајанова Петровска
Еден од најпознатите композитори од романтичарската ера, Феликс Менделсон (1809-1847) израснал во угледно еврејско семејство и бил воспитуван во духот на негување култ кон убавото. Така, врвните дела на светската литература биле неодминлив дел од неговиот живот. Уште како дете ги читал германските преводи на Шекспир и се вљубил во нив, а на 17-годишна возраст дошол на...
Витошевиќ ја поставува „Казимир и Каролина“ во Прилеп
„Казимир и Каролина“ од Еден фон Хорват, во режија на Нела Витошевиќ, е претставата што се подготвува во театарот „Војдан Чернодрински“. Во наредните недели ќе се реализираат читачките проби, а ќе се продолжи поинтензивно на почетокот на септември. Премиерата ќе биде на почетокот на октомври.
- Автор на текстот е Германец, еден од основоположниците на модерната драма Еден фон Хорват....
Театарот во Скупи ќе се конзервира два и пол месеца
Планираната реконструкција не одговараше на она што треба да има археолошки локалитет, да се задржи автентичноста, нагласи Елеонора Петрова, директорка на Управата за заштита на културното наследствоАнтичкиот театар на археолошкиот локалитет Скупи, почнувајќи од идната недела, во траење од два и пол месеца, ќе се конзервира, но нема да се реконструира како што беше предвидено и најавувано со години....
Германски суд дозволи екстрадиција на Пуџдемон во Шпанија
Суд во германскиот град Шлевизг денеска го прифати барањето за екстрадиција на поранешниот претседател на каталонската регионална Влада, Карлес Пуџдемон во Шпанија, врз основа на шпанското обвинение за злоупотреба на јавни средстава.
Шпанското обвинителство го товари Пуџдемон за бунт, поттикнување бунт и за злупотреба на државни средства во врска со организацијата на референдумот за независност на Каталонија лани во октомври,...







































