Целосно помрачување на Месечината на 27 јули

Жителите на Балканот ќе имаат прилика ноќта меѓу 27 и 28 јули да набљудуваат помрачување на Месечината. Сите фази на помрачувањето на Месечината ќе бидат видливи од областите на Индискиот океан, Индија, Источна Африка, Арапскиот полуостров и подрачјето на Каспиското море. Во случај на поволни метеоролошки услови, односно ведро небо, луѓето оваа појава ќе можат да ја гледаат со голо око...

Георгиев шести, Димковски осми и освои 70,8 рејтинг-поени на „Параќин опен“

Велемајсторот Кирил Георгиев освои 6,5 поени на А-турнирот, а Димковски заврши на високото осмо место на Б-турнирот меѓу 164 шахисти Бугарскиот велемајстор (ВМ) со македонски пасош, Кирил Георгиев (2,596 рејтинг-поени, рангиран прв пред турнирот), кој на годинашнава Шаховска олимпијада (ШО) во Батуми (Грузија) повторно ќе ги брани боите на Македонија, со 6,5 поени (четири победи, пет ремија), го освои 6-то...

Од жабја перспектива

Ретко кој народ се разбрал со ретко која влада во светот. Особено на Балканот и особено кај нас во Република Македонија никој не се разбрал со власта. Имаше еден вечен графит на кејот, до Камени мост, до градската плажа, на кој пишуваше „Долу, влада!“. На секоја влада ѝ прилега, мислам на владата на Тереза Меј, Трамп и сите други...

Француските медиуми го обвинија Путин за „недостиг на елеганција“

Сите медиуми во Франција посветија сериозно внимание на вчерашното наградување на француските репрезентативци, кои поминаа на пороен дожд. Француските изданија „Клоусер“ и „Ел“ се фокусираат на церемонијата на доделувањето на која претседателите на Франција и Хрватска, Емануел Макрон и Колинда Грабар-Китаровиќ останаа на дождот и накиснаа, додека рускиот претседател Владимир Путин беше веднаш заштитен со чадор. „Ел“ забележува дека Макрон и...

Туск го обвини Трамп дека шири лажни вести

Првиот човек на Европскиот совет Доналд Туск преку Твитер му порача на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД и ЕУ се најдобри пријатели. Пораката доаѓа откако Трамп оцени дека Европската унија е непријател на САД во трговската сфера. - Америка и ЕУ се најдобри пријатели. Тој што вели дека сме непријатели шири лажни вести - напиша Туск на неговиот профил на...

Ѓоковиќ се врати во топ 10 на АТП листата

Овогодинешниот шампион на најстариот и најпрестижен Гренд слем турнир, Вимблдон - Новак Ѓоковиќ се врати во Топ 10 на АТП листата, правејќи скок за 11 места. Ова е огромен успех за поранешниот лидер на листата, кој на почетокот на годината беше подложен на операција на лактот поради повреда која го мачеше повеќе од една година. Финалистот од Лондон, Кевин Андерсон од...

Путин со благодарност до специјалните служби за безбедноста за време на СП

Речиси 130 претставници на специјалните служби од 34 земји во светот учествувале во обезбедувањето на Светското првенство во фудбал што се одржа Русија. Ова го изјави рускиот претседател Владимир Путин на средба со членовите на Центарот за меѓународна соработка во Меѓусекторскиот оперативен штаб за гарантирање на безбедноста на Мундијалот. Путин им се заблагодари на руските соработници од специјалните служби и од...

НАТОФЕСТ

Експресната најава за организирање народна веселба во 15 града за наводната покана за влез во НАТО (подготовките биле во тек уште пред Заев да го бакне пенкалото на Столтенберг) беше дочекана со коментар: „Им се смеевте на Севернокорејците кога веруваа дека се светски прваци у фудбал!?“ Поентата не е само во пораката/наредбата од власта до народот дека треба да...

Шумски пожар во Калифорнија, загина пожарникар

Пожарникар загина при справувањето со големиот шумски пожар во националниот парк Јосемити во американската сојузна држава Калифорнија. Пожарникарот се нашол отсечен од огнените јазици, додека со колегите се бореле со пожарот кој изби во петокот, во сува дабова шума. Како превентивна мерка, противпожарната служба нареди прекин на струјата во долината Јосемити, како и евакуација на неколку села и викенд населби. Температурите во...

Викендов 30 сообраќајки во Скопје, тројца тешко повредени

Три лица биле тешко повредени во три од вкупно 30 сообраќајки случени во текот на изминатиот викенд. Во 16 сообраќајки биле полесно повредени 28 лица, а во 11 била причинета материјална штета. Од МВР информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Двесте и шест возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, седум поминале на крстосница...