„Комити“ побараа правда за Саздовски, за да не се повторат вакви случаи

Правда за прерано починатиот член на „Комити“, 21-годишниот Никола Саздовски, кој по неколкудневна кома предизвикана по физичкиот напад врз него од страна на три лица им подлегна на повредите, побараа на вечерашниот протестен марш членовите на оваа навивачка група и другите присутни граѓани, со цел, како што рекоа вакво нешто да не се повтори. Учесниците на маршот побараа институциите да...

Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“ од 19 до 29 јули

На сцената на амфитеатарот во древниот антички град Стоби од 19 до 29 јули ќе се одржи 17. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“ што го организира општина Велес. Како што информира на денешната прес-конференција претседателот на Организацискиот одбор Драган Миладиновски, ИФАД „Стоби“ свечено ќе биде отворен в четврток вечер во 21 часот со премиерата на претставата „Лисистрата“ во изведба...

Франција го затвори трговското претставништво во Русија

Франција одлучи да го затвори своето трговско претставништво во Русија по, како што објави денеска, долгите преговори со тамошните власти започнати по протерувањето на шефот на претставништвото. „Условите за работа на француското претставништво значително се влошија во последниве неколку месеци", се вели во соопштение од француската Амбасада. Во него се додава дека претставништвото било изложено на „незаконско запленување на неговите банкарски...

Рекорден број граѓани на ЕУ ја напуштиле Велика Британија

Бројот на граѓаните на Европската унија кои ја напуштиле Велика Британија во текот на изминатата година е највисок од досега регистрираните, објави Државниот завод за статистика на таа земја (ОНС).  Во 2017 година Велика Британија ја напуштиле вкупно 139.000 луѓе. Единствена година во која тој број бил приближен е 2008 година, со 134.000 лица. Од ЕУ во Велика Британија во...

Хан утре во Тирана го отвора скринингот

Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан, утре попладне ќе престојува во Тирана. Целта на посетата е да ги објасни чекорите кои треба да се преземат за скрининг процесот, како прв чекор кон отворање на пристапните преговори помеѓу Албанија и ЕУ, во јуни 2019 година.          Во албанската метропола тој ќе се сретне со претседателот на државата,...

МФ: Воведување краудфандинг за поголем пристап до капитал за малите и средни претпријатија

Примена на краудфандинг во Македонија, односно концепт на прибирање средства од поголем број инвеститори за финансирање компании, ќе придонесе за поголем и полесен пристап до капитал за малите и средни претпријатија, особено за стартапите. Можноста за воведување на овој начин за финансирање во Македонија беше дискутиран на Советот за развој на пазар на капитал, што се одржа денеска во Министерството...

Делови од Аеродром и Чаир утре без струја

Од 11:15 до 14 часот утре без струја ќе бидат корисниците лоцирани на булеварот „Трета македонска бригада“, делот спроти компанијата „Раде Кончар“, улицата „Руди Чајавец“, бензиската пумпа на „Макпетрол“ и околните објекти во општина Аеродром. Во периодот од 8 до 10:30 часот без струја ќе бидат корисниците од зграда бр. 72 на улицата „Седма албанска бригада“ во општина Чаир. Како што...

Владата утре ќе ја одржи 80. седница

Информацијата за активностите за редефинирање на начинот и утврдување на критериумите за наменските и блок дотациите за општините е една од точките на дневен ред на утрешната 80. седница на Владата на Република Македонија. Пред министрите, како што соопшти владината прес-служба, ќе се најде и информацијата со Предлог текст на меморандум помеѓу Министерството за транспорт и врски на Република Македонија...

Трамп: Дијалогот со Русија отвора нов пат кон мирот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска по разговорите со рускиот претседател Владимир Путин дека конструктивен дијалог со Русија отвора нов пат кон мирот. На заедничка прес-конференција во Хелсинки тој нагласи дека денешниот состанок е почеток на еден долг процес со силен дијалог со Русија.  - Нашиот однос никогаш не бил полош од сега, изјави Трамп, наведувајќи дека по разговорите што траеја...

Путин: За Русија прашањето за Крим е затворено

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска во Хелсинки дека ставовите на Москва и на Вашингтон во однос на Крим, се различни. Тој додаде дека „за Русија тоа прашање е затворено“. - Официјален став на САД е дека анексијата на Крим од Украина е нелегална, изјави Путин, дополнувајќи дека ставот на Москва е сосема спротивен и потсети дека бил одржан референдум...