Kонференција за правните аспекти на Договорот од Преспа во грчкото МНР
За првните аспекти на Договорот од Преспа, историската и правната позадина, за имплементацијата, името, употребата, јазикот и државјанството, ќе дискутираат професори по право, историја, меѓународни односи од атинските и солунските факултети на конференцијата организирана од научниот совет на грчкото МНР.
- Целта на конференцијата е да има глобална, трезвена и плодна научна дебата во врска со сите правни прашања што...
Под кафеанските маси нема ништо ни лидерско ни демократско
Без да навлегуваме во тоа кој што добива или губи во моментов со договорите постигнати на таканаречените лидерски средби, треба да се изрази длабоко несогласување со овој начин на „решавање“ на отворените прашања, бидејќи така никогаш нема да се постигне напредок во зајакнувањето на демократијата и во владеењето на правото. Официјалните претставници, пред сѐ на Европската Унија, треба конечно...
Директорот на ФБИ ја обвини Русија за мешање во САД
Директорот на американското Федерално биро за истраги (ФБИ) Кристофер Реј изјави дека Русија продолжува да поттикнува раздор во САД, преку ширење лажни вести, пропаганда и тајни операции.
Реј оцени дека Русија се мешала во американските претседателски избори во 2016 година, велејќи дека тоа е заеднички став на „разузнавачката заедница“ на САД.
Претседателот Доналд Трамп, по неговиот самит со рускиот претседател Владимир...
Силна нова ерупција на вулканот Килауеа (видео)
На вулканот Килауеа на Хаваите вчера беше забележана исклучително силна ерупција, која предизвика голем поток од растопена лава која однесе поголем број куќи во населба во изградба.
Жителите во околината на Килауеа веќе неколку месеци се евакуирани и немало повредени при новата ерупција. Вулканот досега уништи над 700 куќи, но без повредени или загинати.
Сеизмолозите забележале потреси од 5,3 Рихтерови степени...
Концерт на „Танец“ вечер на „Скопско лето“
Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ вечер од 20.30 часот на плоштадот „Карпошово востание“ ќе одржи вокално-инструментален концерт во рамки на фестивалот „Скопско лето“.
На филмската програма Кафе-кино, пак, од 21 часот во Сули ан ќе биде прикажана фантастичната мистерија „Телма“ на режисерот Јоаким Трир. Филмот е снимен минатата година и е копродукција меѓу Норвешка, Франција, Данска и Шведска.
До...
Исламистот призна дека планирал да ја убие премиерката Меј
Исламистот Наимур Закарија Рахман призна дека е виновен затоа што планирал да ја нападне и убие британската премиерка Тереза Меј.
Рахман (20) планирал да ги нападне чуварите пред резиденцијата на премиерката на улицата Даунинг Стрит 10, а потоа да се обиде да ја ликвидира и Меј.
Исламистот од Бирмингем бил во контакт со лица за кои мислел дека се поврзани со...
За нападот врз Скрипал и неговата ќерка виновни неколку Руси
Британските истражители веруваат дека откриле осомничени лица, одговорни за нападот врз поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија.
Според истражителите во нападот вмешани се „неколку Руси“. Истражителите до тој податок дошле со детален преглед на безбедносните камери и анализа на податоци, кој влегол во Велика Британија приближно во времето на напад врз Скрипал и неговата ќерка.
Скрипал и неговата...
Продолжува седницата на која се и измените на Изборниот законик за ДИК
Собранието денеска ќе ја продолжи 53. седница на која на дневен ред се повеќе закони, но и Предлог на декларација за поддршка на пристапниот процес за членство на Република Македонија во НАТО и измените на Изборниот законик, по скратена постапка.
На дневен ред на оваа седница, која вчера беше прекината поради лидерската средба во Клубот на пратениците, се и предлогот за...
Заев објави можно референдумско прашање, нова лидерска напладне
Премиерот Зоран Заев по синоќешната лидерска средба соопшти дека референдумското прашање би можело да биде: Дали сте за членство во ЕУ и во НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција? и оти претстојниот референдум потребно е да биде консултативен.
Тој изрази разочарување што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја напушти средбата само еден час по почетокот...
Умерено облачно со температура до 30 степени
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието и во источните делови, додека во крајните североисточни делови е можен краткотраен дожд. Утринската температура ќе се движи од 11 до 20 степени, а дневната од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе биде седум.
Во Скопје слично време со температура од 11...








































