Русија го претстави новиот крстосувачки проектил Кх-32
Русија го тестираше новиот тежок бомбардер Тупољев Ту-22М3, кој е опремен со ракети новиот вид воздух-земја Кх-32, кои можат да погодат цели на копно и на море.
Руското Министерство за одбрана објави снимка на која се гледа како бомбардерот, придружуван од ловец МиГ-31К, ги истрелува новите ракети.
Кх-32 е крстосувачка ракета предвидена за лансирање од стратосферата со остра надолна патека поради...
Дедо измамен и ограбен на скопските клиники
На В.Р. (86) од Скопје со измама му се одземени 18.000 денари додека бил во комплексот клиники „Мајка Тереза", соопшти МВР.
Измамата ја сторило засега непознато лице кое, откако дознало за што е дојден В.Р., му рекло дека ќе треба да направи снимка на Клиниката за радиологија и дека за тоа треба да му даде 4.000 денари. В.Р. ја немал бараната...
Грција дала пет илјади златни визи на инвеститори во недвижности
Грција дала 5.000 „златни визи“ на странци кои инвестирале во недвижности во вредност од над 250.000 евра, јави агенцијата АНА.
Во текот на првата година, побарувачката за визи се зголемила од 400 на годишно ниво на 50 дневно, со приходи кои надминаа 1,5 милијарди евра.
Програмата „Златна виза“ главно ја користат азиските граѓани, особено кинеските, како и Арапите и Русите.
Ништо не пере подобро од валавицата на Голема Река
Валавицата е музеј на отворено. Задолжително треба да се зачува и заштити. Многу туристи доаѓаат само да видат како се работи, на кој принцип функционира валавицата, како се перело во едно време
Голема Река извира од северозападните падини на Плакенска Планина на надморска височина од 1.880 метри и тече низ брда и долини, села и ледини, додека се влее во...
ЕУ ги повикува земјите членки да се подготват во случај на неуспешен договор за Брегзит
Земјите на Европската унија(ЕУ) и компаниите треба да ги „интензивираат подготовките“ за последиците што ќе настапат кога Велика Британија ќе ја напушти ЕУ, посебно во случај на неуспех на преговорите за постигнување на спогодбено раздружување предвидено за крајот на март 2019 година, соопшти денеска Европската комисија(ЕК).
Комисијата денеска објави текст во кој ги повикува земјите членки да ги интензивираат своите...
Чарли Чаплин, трите прасиња и Брамс
Насловот на оваа музичка приказна можеби изгледа чудно и збунувачки, но не е случаен. Има една нишка што ги поврзува Чарли Чаплин и трите прасиња - Унгарскиот танц бр. 5 на Брамс.
Танцот е дел од циклусот минијатури на унгарски теми од Јоханес Брамс (1883-1897), комплетиран во 1869 година. Содржи 21 танц, долги од една до четири минути, и отпрвин...
„Барбери“ запали облека вредна 28 милиони фунти
Луксузниот британски моден бренд „Барбери“ изгоре облека и модни додатоци во вредност од 28 милиони фунти, пишува британскиот весник „Тајмс“.
Раководството на брендот соопшти дека ја палат облеката затоа што сакаат да ја заштитат својата интелектуална сопственост и вредностите на брендот и не сакаат нивната облека да ја носат „погрешните луѓе“ кои до неа дошле на сивиот пазар по прениски...
Објавена „Аналекти“ на Конфуциј
Во издание на издавачкиот центар „Три“, деновиве излезе од печат книгата „Аналекти“ на прочуениот кинески филозоф Конфуциј. „Аналекти“ е едно од највлијателните дела на сите времиња. Збирката изреки на Конфуциј се собрани и уредени од страна на неговите ученици набргу по неговата смрт, во 497 година пр. н.е. Тие го одразуваат степенот до кој Конфуциј го воспоставил, но и...
Се утврдуваат причините за смртта на родилка од Гевгелија
Министерството за здравство денеска информира дека треба да се почека обдукцискиот наод и да не се шпекулира дека смртта на гевгеличанката Елизабета Савиќ-Динева (31) е поврзана со нејзиното породување и оти станува збор за лекарска грешка. Таа пет дена по породувањето во Општата болница во Гевгелија, на 29 јуни поради епилептични напади од непознато потекло од дома била донесена во Клиничкиот центар во Скопје,...
„Театар комедија“ со „Мизантроп“ на „Охридско лето“
Драмската програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва, во 21 часот, во центарот за култура „Григор Прличев“, со премиера на театарската претстава „Мизантроп“ од Молиер, во режија на младата црногорска режисерка Ана Вукотиќ, а во продукција на „Театар комедија“.
- Многу луѓе се во прашалници, бидејќи станува збор за доста сериозен текст, за сериозна комедија. Сметам дека Молиер во сите...







































