Вработени од ФЗЦ „11 Октомври“ на протест пред Владата
Вработени од ФЗЦ „11 Октомври“ денеска протестираа пред Владата изразувајќи незадоволство од, како што велат, нерешавањето на случајот со отпуштањето на 120-те работници, кои не сакале да потпишат анекси кон договорите за вработување.
Како што велат од Синдикатот на индустријата, енергетика и рударство (СИЕР)Државниот инспекторат за труд во последните три месеци има издадено решенија за незаконитости во фабриката, но оти...
Судбината на семејството на Гадафи останува мистерија
Ханибал, синот на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, неодамна доби судска забрана за напуштање на Либан во рок од една година, со што повторно се актуелизира прашањето за судбината на семејството Гадафи, пишува весникот „Ашарк Ал-авсат“. На Ханибал му е забрането да го напушти Либан, откако беше обвинет дека „формирал терористичка организација, организирал киднапирања и обид за убиство“.
Петтиот син...
ЕУ повикува на подготовки во случај на неуспех на преговорите за Брегзит
Земјите на ЕУ и компаниите треба да ги „интензивираат подготовките“ за последиците кои ќе настапат кога Велика Британија ќе ја напушти ЕУ, особено во случај на неуспех на преговорите за постигнување на договорено разидување предвидено до крајот на март 2019 година, соопшти денеска Европската Комисија.
Комисијата денеска објави текст во кој ги повикува земјите членки и приватните актери да ги...
Трамп: Медиумите што емитуваат лажни вести сакаат судир со Русија
Претседателот на САД Доналд Трамп тврди дека „медиумите што емитуваат лажни вести толку многу сакаат да видат конфронтација со Русија, дури и конфронтација која би можела да доведе до војна“.
Трамп напиша на Твитер: „Тие навиваат толку невнимателно, многумина и го мразат фактот дека јас веројатно ќе имам добри односи со Путин“.
- Нам ни оди многу подобро отколку на која...
Мицкоски: Треба да ги почитуваме Уставот и законите, а не да поставуваме повеќесмислени прашања
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по завршувањето на денешната лидерска средба во скратен состав изјави оти на неа се разговарало за теми кои биле дел од веќе отворените преговори во март-април и оти за некои од нив позицијата и опозицијата успеале да ги приближат ставовите, а за некои од нив тоа не е направено.
- Ако веќе се стремиме...
Заев: Нема компромис за стратешките цели
Преговорите меѓу лидерите на политичките партии околу прашањето за референдумот и формирањето на Државната изборна комисија (ДИК) продолжуваат во недела навечер или понеделник наутро, истакна премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев по завршувањето на денешната лидерска средба.
- Стратешка цел на Република Македонија е полноправно членство во ЕУ и НАТО, компромис за стратешките цели нема. Амнестија директна или индиректна...
Уличното шоу на луѓето-хиени во Нигерија
Практиките на дресерите на хиени, познати и како луѓето-хиени во Нигерија, се обвиени со одредена мистерија, со што локалните медиуми честопати ги претставуваат овие лица како криминалци и собирачи на долгови.
Дресерите заедно со нивните хиени привлекуваат внимание во главниот нигериски град Лагос, на уличните настапи каде што се појавуваат и бабуни, змии и други животни.
Хиените се дресирани да се...
Лидерската продолжува – нема компромиси за стратешките цели и европските вредности
Лидерската средба во скратен формат која се одржа денеска во Клубот на пратениците заврши по речиси четири часа, но без постигнат договор околу прашањата поврзани со престојниот референдум и формирањето на Државната изборна комисија.
По 15-тина часа од завршувањето на завчерашната лидерска средба во проширен партиско-пратнички состав во Клубот на пратениците денеска се одржа нова рунда разговори, овојпат само меѓу...
Затворен воздушниот простор над Белгија поради компјутерски проблем
Белгија го затвори воздушниот простор поради компјутерски проблем, информира белгискиот орган за контрола на воздушниот сообраќај.
Авионите не можат да прелетуваат над Белгија кратко време по 16 часот (14 часот по Гринич).
- Некои авиони остануваат на земја, а други беа принудени да се приземјат, вели Ален Ниебс, портпарол на Белгоконтрол.
Сообраќајот над Белгија ќе биде обновен, кога ќе биде отстранет проблемот...
Макрадули го доби Мијалков пред Судот за човекови права во Стразбур
Европскиот суд за човекови права во Стразбур денеска донесе три пресуди во однос на четири апликации поднесени против Република Македонија.
Како што соопшти Министерството за правда, две од четирите апликации, беа поднесени од Јани Макрадули, и за нив има донесено една пресуда, во која ЕСЧП констатира повреда на правото на слободата на изразување.
Ваквата пресуда, во корист Јани Макрадули, е во...








































