ЕК ја тужи Унгарија поради непочитување на Законот за азил
Европската комисија поднесе тужба против Унгарија поради непочитување на Законот за азил и враќање на мигрантите, и и испрати предупредување поради законот, со кој се инкриминираат активностите на невладините организации, кои им помагаат на мигрантите, изјави портпаролката на ЕК Мина Андреева.
ЕК испрати предупредувачко писмо, што е првиот чекор во започнување постапка против една земја-членка, поради новиот унгарски закон, со...
Казахстански олимпиец убиен при обид за грабеж
Казахстанскиот олимпиец, Денис Тен, кој на зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година го освои бронзениот медал во уметничко лизгање, денеска бил убиен при обид за грабеж во Алмати.
Како што соопштија локалните власти, 25-годишниот Тен неколкупати бил избоден додека се обидувал да спречи две лица, кои краделе делови од неговиот автомобил.
Тој бил пренесен во болница со неколку убодни...
Ципрас-Коѕијас: Грција ќе ги унапреди односите со Русија
Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска се сретна со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, на разговори околу актуелните прашања, со фокус на односите со Русија, соопшти грчката влада.
Двајцата се согласија дека Грција секогаш силно ќе одговори кога е во прашање национален суверенитет, како и дека владата ќе продолжи со својата политика за унапредување на односите со Русија на...
Колинда Грабар-Китаровиќ стана почесна граѓанка на Берат
Претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ стана почесна граѓанка на албанскиот град Берат. Признанието, за кое едногласна одлука донесе Советот на општината пред два дена,на посебна свеченост, попладнево и го врачи градоначалникот, Петрит Синај.
Заблагодарувајќи се, таа Берат го нарече непроценливо богатство заштитено од УНЕСКО. Хрватската претседателка посочи дека Албанија и Хрватска секогаш имале блиски односи, историја без конфликти и секогаш си...
Фортифај рајтс: Војската на Мјанмар систематски ги подготвувала нападите врз Рохинџите
Армијата на Мјанмар систематски се подготвувала за напади врз муслиманското малцинство Рохинџи одземајќи им ножеви и вооружувајќи немуслимани-цивили. Тие, исто така, ги принудувале Рохинџите да ги отстранат заштитни огради околу своите домови, соопшти денеска независната организација Фортифај рајтс.
Во извештајот на таа група за човекови права, се опишани подготовките на мјанмарските власти за пресметка со Рохинџите, кои воглавно живееле во...
Вардар го заврши учеството во квалификациите за Лига Европа
Фудбалерите на Вардар го завршија учеството во квалификациите за Лига Европа по поразот од ерменски Пјуник со 0-2, во вечерашниот реванш-натпревар од првото коло, одигран во Скопје. Вардарци се елиминирани со вкупен резултат 0-3 во двомечот.
Резервистот Бакар Балде беше двоен стрелец за Пјуник, погодувајќи во 85-та и во 89-та минута.
И преостанатите македонски претставници, Работнички и Шкупи, не успеаја да...
Дел од населбата Маџар Маало утре без вода
Корисниците од населбата Маџар Маало во општина Центар утре од 9 часот ќе останат без вода за пиење.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е реконструкција на водоводната мрежа со пречник од 100 милиметри на крстосницата меѓу улиците „Ѓуро Ѓоновиќ“ и „Маџар Маало“ што ќе ја врши екипа на...
Романија инвестира една милијарда евра во култура
Романската Влада ќе издвои една милијарда евра за инвестициска програма во културата, објавија романски медиуми.
На почетокот на денешната владина седница, премиерката Виорика Данчила нагласи дека културата е сфера каде е потребно повеќегодишно финансирање за културни објекти и споменици или за поправки и модернизирање на постоечките.
- За таа цел Владата по итна наредба одвојува сума од една милијарда евра што...
Луиџи Сореца нов претставник на ЕУ во Албанија
За нов претставник на мисијата на ЕУ во Албанија наименуван е Луиџи Сореца. Тој е меѓу 24 ново назначени претставници на ЕУ од страна на високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини. Италијанецот Сореца, официјално функцијата ќе ја превземе во септември, од неговата претходничка Ромина Влахутин.
Новиот евроамбасадор е добар познавач на Албанија поради неговиот претходен ангажман како...
Русија тестираше ново нуклеарно оружје
Руската војска тестира низа нови нуклеарни и други оружја, вклучувајќи го и ласерско оружје, како и нуклеарна крстосувачка ракета со неограничен дострел, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Оттаму информираат за напредокот на развојот на оружје, кое во март во говор го претстави претседателот на Русија Владимир Путин.
Министерството наведува дека тестирале „буревестник“ крстосувачка ракета на земја и таа сега е...







































