Јункер идната недела на средба со Трамп
Првиот човек на Европската комисија, Жан-Клод Јункер идната недела доаѓа во посета на Вашингтон, каде ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, во време кога ЕУ и САД се наоѓаат во сложени политичко-трговски односи.
Трамп и Јункер ќе се сретнат во Белата куќа в среда, при што се очекува да разговараат за економски и безбедносни прашања.
Американскиот претседател досега многупати...
Продажбата на автомобили во Европа со раст од 5,1 отсто на годишно ниво
Продажбата на автомобили во Европа минатиот месец забележа раст од 5,1 отсто на годишно ниво, при што најголем пораст е регистиран во Германија, Франција и Шпанија, соопшти Асоцијацијата на европските производители на возила.
Според податоците на Асоцијацијата, во земјите на ЕУ и на Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА), минатиот месец биле регистрирани 1,62 милиони нови возила, што е значително...
Тајни комуникациски канали ја брануваат Америка
Младата Русинка Марија Бутина се товари дека се обидувала да се инфилтрира во Националната асоцијација за оружје (НРА), за да влијае на Републиканската партија и самата американска влада
Апсењето на младата руска државјанка Марија Бутина во Вашингтон отвора нов фронт во борбата против мешањето на Русија во американската политика. Бутина (29) неодамна беше приведена, а во понеделникот беше обвинета дека...
Израел и официјално еднонационална држава
Израелскиот парламент го изгласа законот со кој државата ја прогласи за национален дом на еврејскиот народ. Се работи за главно симболична декларација, која, сепак, предизвика жестоки расправии и реакции од левичарската опозиција и пратениците од арапската заедница.
Законот беше поддржан од 62 пратеници, додека, пак, 55 пратеници гласале „против“. Со него, Израел се означува како демократска држава заснована врз еврејските...
Во градот ќе осамнат три нови велопаркинзи
Со одлука на советот, градот Скопје ќе прими донација од три велопаркинзи со капацитет за 72 велосипеди од страна на Скопската пиварница. Вкупната вредност на донацијата ќе изнесува 1.264.603 денари, а за реализацијата на одлуката ќе биде овластен градоначалникот Шилегов, кој ќе склучи договор со директорот на ова акционерско друштво, преку кој ќе се регулираат намената и начинот на...
Театарска претстава за уживање на децата од Капиштец
Стотина деца уживаа во претставата „Остави го таблетот, симни се пред зграда“, насловена како и проектот што општината Центар го реализира летово. Претставата беше дел од детската драмска работилница што се одржа во паркот Капиштец, како трет настан од проектот на локалната самоуправа „Во Скопје сум, на одмор сум - општина Центар мисли на мене“. Актерите од Театарот за...
Во Долно Лисиче се реконструира водоводната мрежа
Со помош на средства од ИПА-инвестицискиот фонд на ЕУ, општината Аеродром ја почна реконструкцијата на 10 краци од водоводната мрежа во Долно Лисиче, поточно на улицата 1 од кракот 1 до кракот 10. Според информациите, вкупниот износ на проектот е околу 126 илјади евра и тој ќе биде 25 отсто кофинансиран од страна на државата. Планирано е работните активности...
Во Берлин разбиена банда Либанци познати по спектакуларни грабежи
Германските власти запленија 77 станови и куќи во Берлин, вредни 9,3 милиони евра, во масовна акција против арапска криминална група.
Обвинителот Јорг Раупах изјави дека 16-члената криминална група, составена пред се од Либанци, перела пари преку недвижностите во Берлин.
Се претпоставува дека парите потекнуваат од грабеж на банка во 2014 година, кога биле украдени 9,16 милиони евра. Еден од членовите на...
Со културни настани ќе се одбележат 55 години од скопскиот земјотрес
Со изложби, перформанси, музика и многу други активности, градот ќе ја одбележи 55-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје. Планирани се дваесетина културни настани на неколку локации. Одбележувањето на јубилејот ќе започне на 23 јули, со почеток во 20 часот, со манифестацијата за враќањето на буквите од пораката на Јосип Броз-Тито на источната страна на Музејот на градот Скопје, а...







































