Путин и Макрон разговараа за хуманитарна акција во Сирија
Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска телефонски разговараше со францускиот колега Емануел Макрон за заедничка хуманитарна акција во Сирија, посебно во покраина Источна Гута, соопшти Кремљ.
Франција вчера испрати 50 тони медицинска помош во Источна Гута, која е под контрола на сириската Влада, откако Русија се согласи да ја олесни доставата.
Доставата на хуманитарната помош е во согласност со заедничкиот проект...
Почна Тумороуленд, еден од најпопуларните музички фестивали во светот
Овој викенд, повеќе од 200.000 љубители на музиката, ќе танцуваат и уживаат во првиот дел од од Тумороуленд (Tomorrowland), фестивалот, кој се смета за најпопуларен во светот, а кој трае од 20 до 29 јули во Брум во Белгија.
Фестивалот почна синоќа, со настапот на легендарниот Карл Кокс, додека претставники на техното беше холандскиот ди-џеј Јорис Ворн. Изненадување беше настапот...
ЦИА: Кина води тивка студена војна против САД
Главниот експерт на ЦИА за Азија предупреди дека Кина води „тивок вид студена војна" против САД, користејќи ги сите свои ресурси за да се обиде да ги замени САД како водечка сила во светот.
Мајкл Колинс од отсекот на ЦИА за Источна Азија, за време на обраќањето на безбедносен форум во Аспен, истакна дека Пекинг не сака да војува, но...
Лидерската продолжува в понеделник во девет наутро
Лидерската средба во скратен формат, со учество на лидерите на СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и едно од крилата на Беса, Зоран Заев, Али Ахмети, Христијан Мицкоски и Билал Касами ќе продолжи в понеделник во девет часот наутро, потврдија од Владата.
Премиерот и лидер на СДСМ упати покана до лидерите на ВМРО- ДПМНЕ, ДУИ и Беса за лидерската в понеделник во девет...
„Коштана“ в недела на сцената на Долни Сарај во Охрид
Култниот мјузикл „Коштана“ од Борисав Станковиќ, во музичка адаптација на Влатко Плевнеш, кој се игра веќе десетина години и предизвикува голем интерес, публиката ќе може да го погледне в недела, од 21 часот, на сцената на Долни Сарај во Охрид.
Улогата на Коштана ја толкува пејачката Силвана Мучиќ Плевнеш, а, освен неа, дел од ансамблот се и голем број актери...
Коѕијас: Опозицијата во двете земји користи говор на омраза
Нова демократија и ВМРО се хранат со проблемите, а ние со решенијата, опозициите во двете земји користат говор на омраза, вели шефот на грчката дипломатија во интервју за „Ефимерида тон синдактон“.
Никос Коѕијас, за викенд изданието на грчкиот весник, говорејќи за реакциите во двете земји, вели дека она што него го загрижува не е несогласувањето околу договорот, „бидејќи од една...
Принс – пурпурен штрумф на музиката
Поставувајќи безброј морални прашања, Принс се бореше против расизмот, секогаш одеше по патот на креативноста, естетската хармонија и графичката интертекстуалност
За напредокот на поп-музиката во 1980-тите години од 20 век, пресудно влијание имаа развојот на новите технологии (семплери, секвенцери), основањето на музичката телевизија Ем-ти-ви, неповторливиот Мајкл Џексон со албумот „Thriller“ и мултиинструменталистот Принс (Prince), кој доживеа светска слава со филмската...
Фудбалската еуфорија предизвика потрошувачка треска
За време на Светското фудбалско првенство во Москва, хрватските граѓани трошеле повеќе во споредба со истиот период од претходните години, што се должи на еуфоријата што ја зафати земјата по успехот на хрватската репрезентација. Од почетокот на првенството до освојувањето на второто место потрошувачката во Хрватска достигнала девет милијарди и 200 милиони куни, истакнуваат во Хрватската стопанска комора.
- Прометот...
„Вдовицата се мажи“ на „Скопско лето“
Tеатарската претстава „Вдовицата се мажи“, според „Мечка“ од А.П. Чехов, во продукција на НУЦК-театар „Јордан Х.К.-Џинот“ од Велес, во режија и адаптација на Младен Крстевски, ќе биде одиграна во театарот „Комедија“, на 23 јули, во рамките на „Скопско лето“.
Претставата има добиено две награди на интернационалниот театарски фестивал „Руска класика“ во Москва, за најдобра странска претстава и за најдобар актерски...
Кичевската ликовна колонија ги спои Марија и Часлав
Часлав Марковиќ од Куманово и Марија Марковска од Скопје се сретнале во Кнежино и сѐ уште сакаат таму да сликаат
Во изминатите 25 години многу реномирани уметници продефилирале низ Интернационалната кичевска ликовна колонија, се стекнале со многу познанства, а најкарактеристична е средбата помеѓу ликовните уметници Часлав Марковиќ од Куманово и Марија Марковска од Скопје. Првата средба во Кнежино ги спои...







































