Метеоролозите најавуваат промена на времето, попладне пороен дожд и грмежи
Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи.
Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Пороен дожд, грмежи и засилен ветер попладнево...
„Коха Диторе“: Србија не се откажува од поделбата на Косово
Прифаќањето на дебатата со Белград од страна на косовската страна за поделба на Косово или за размена на територии, во рамките на опциите за постигнување законски обврзувачки договор, ќе има тешки последици, пишува денеска „Коха Диторе“.
Домашни аналитичари во изјави за весникот напоменуваат, дека, иако не е јавно и официјално кажано, територијалната поделба цело време е дел од калкулациите на...
Уапсен „најсиромашниот дилер“, му пресудиле селфи фотографиите
Британската полиција уапси дилер на дрога врз основа на неговите непромислени фотографии на кои се фалел со огромни количини пари, скапи часовници и накит, јави „Дејли мејл“.
При претресот на неговиот стан во Њупорт, Марк Ваинфур кај себе имал 13.000 фунти, Полициските службеници кои го прегледале неговиот телефон, пронашле поголем број содржини поврзани со дрога: нешто повеќе од 26.000 фотографии,...
За онлајн-купување без измама клучно е граѓаните да бидат информирани
Купувањето на Интернет или онлајн-шопингот денес станува секојдневие на сите луѓе во светот. Развојот на технологијата, компјутерите и неопходноста за користење и поседување паметен телефон создаваат услови во кои луѓето низ светот честопати може да се најдат во ситуација во која ќе бидат измамени или на некој начин излажани на Интернет. Во нашата земја, интернет-банкарството и користењето на картичките...
Лидерска средба за партиски калкулации
Паралелно со лидерската средба во Клубот на пратениците во Скопје, во Собранието на РМ треба да се најдат на седница пред пратениците измените на Изборниот законик, а веднаш потоа ќе следува изборот на нови членови на Државната изборна комисија
Почетокот на оваа седмица, во екот на летните одмори, започнува со интензивна работна динамика на политички план во Македонија. Во понеделничкото...
Македонија ја губи стратегиската позиција поради лошата инфраструктура
Ненавременото завршување на Коридорот 8 создава простор за конкурентска закана од користење други транспортни коридори што ја заобиколуваат Македонија, како што е Коридорот 4, кој поминува низ Бугарија и Романија и кој овозможува поврзување на Централна и Западна Европа со Блискиот Исток и Централна Азија
Република Македонија има стратегиска позиција на Балканот, бидејќи е природен крстопат низ кој поминуваат европските...
Фудбалот не запира – нова рекордна потрошувачка?
Летово клубовите во петте врвни европски лиги веќе потрошиле 2,9 милијарди евра, што е трипати повеќе отколку во јануарскиот преоден рок, а ако се продолжи со исто темпо, во „опасност“ се ланските рекордни 3,2 милијарди евра во летниот преоден рок
Европските фудбалски клубови повторно се во трка по нови засилувања и по нови рекорди. Бројките велат дека летово клубовите во...
Најскапиот тим на светот чини 1,2 милијарда евра
Во моментов најскапо платени фудбалери по позиции се Бекер (голман), Ван Дајк (одбрана), Дембеле (среден ред) и Нејмар (напад), од 11-те шест сега се членови на англиски тимови, а од овој најскап тим петмина се Французи
Голман Алисон Бекер од Ливерпул (трансфер од 75 милиони евра), одбрана Кајл Вокер, Манчестер сити (53), Вирџил Ван Дајк, Ливерпул (85), Емерик Лапорт, Манчестер...
Кејти Пери во депресија
Кејти Пери паднала во депресија поради релативно лошата продажба на последниот нејзин студиски албум „Witness“ од 2017 година.
Тој ја достигна продажбата од 180.000 примероци, за разлика од албумот од 2012 година, „Prism“, кој беше продаден во околу 286.000 примероци.
- Имам бранови на „последична депресија“, срцето ми беше скршено лани, оти несвесно му дадов многу голема важност на мислењето...
Само победа е опција на мечот со Италија
По високата победа над Велика Британија со 32-15, македонската селекција денеска, од 18 часот, се среќава со Италија, која во 1-то коло загуби од Украина
Македонската машка јуниорска репрезентација со убедлива победа над Велика Британија, со 32-15, го почна Шампионатот на Европската ракометна федерација (ЕХФ), дивизија Б, кој се игра во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Избраниците на селекторот...







































