„Вдовицата се мажи“ на „Скопско лето“

Tеатарската претстава „Вдовицата се мажи“, според „Мечка“ од А.П. Чехов, во продукција на НУЦК-театар „Јордан Х.К.-Џинот“ од Велес, во режија и адаптација на Младен Крстевски, ќе биде одиграна во театарот „Комедија“, на 23 јули, во рамките на „Скопско лето“. Претставата има добиено две награди на интернационалниот театарски фестивал „Руска класика“ во Москва, за најдобра странска претстава и за најдобар актерски...

Кичевската ликовна колонија ги спои Марија и Часлав

Часлав Марковиќ од Куманово и Марија Марковска од Скопје се сретнале во Кнежино и сѐ уште сакаат таму да сликаат Во изминатите 25 години многу реномирани уметници продефилирале низ Интернационалната кичевска ликовна колонија, се стекнале со многу познанства, а најкарактеристична е средбата помеѓу ликовните уметници Часлав Марковиќ од Куманово и Марија Марковска од Скопје. Првата средба во Кнежино ги спои...

Изложба инспирирана од играчки и роботи

„Играчки и роботи во книгите на уметниците - пергамент концертина“ е насловот на изложбата на Лепосава Милошевиќ-Сибиновиќ, академска скулпторка и сликарка од Србија, која е отворена во Галеријата на НЛБ Тутунска банка. Во неа учествуваат уметници од Србија, Македонија, Франција, Мексико, Шпанија, Унгарија, Бугарија, Ерменија, Куба, Хрватска, Канада, Русија. - Во директен контакт со играчките се стекнуваат искуство и вештина,...

Загрижувачка состојбата со правата на жените

Без рамноправноста на жените, државите од Западен Балкан не можат да влезат во Европската Унија, затоа што половата рамноправност е една од темелните европски вредности, е заклучокот на студијата што е објавена во Европскиот парламент. Во оваа студија се анализира каква е состојбата на ова поле во шесте држави од Западен Балкан. Очекувано, Косово и Босна и Херцеговина покажуваат најлоши...

Повик до Македонците во Србија за упис во Посебниот избирачки список

Министерството за државна управа и локална самоуправа на Србија денеска преку соопштение ги повика припадниците на националните малцинства, меѓу кои и македонското, кои ги исполнуваат општите услови за стекнување на избирачко право во Србија, да се запишат во Посебниот избирачки список, со што би се стекнале со правото да избираат и да бидат избрани на изборите за свој Национален...

Заразата кај свињите предизвикана од парламентарна неефикасност

Лидерката на БСП и на бугарската опозиција, Корнелија Нинова, ја критикуваше Владата за појавата на чума кај животните Поради опасноста од ширење на африканската чума кај домашните животни, Бугарската агенција за безбедност на храната презеде посебни мерки. На граничните премини со Грција ветеринарните служби ги дезинфицираат возилата што минуваат и го забрануваат увозот на храна што содржи свинско месо, пишува...

Мицотакис: Референдумот ќе успее

Лидерот на грчката опозициска Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис смета дека референдумот во северниот сосед ќе успее, но нагласува дека признавањето на македонската нација и македонскиот јазик во Договорот од Преспа е нешто неприфатливо.  Мицотакис во интервју за „Зидојче цајтунг“ уште еднаш го иразува своето незадоволство од постигнатиот Договор, но додава дека доколку тој биде ратификуван во грчкиот Парламент ќе го...

ЕУ времено ја запре операцијата за запирање нелегална миграција во Средоземното Море

Воено-морската операција на ЕУ во Средоземното Море насочена кон запирање на илегалната миграција, е суспендирана откако Италија одби да ги прифати мигрантите спасени на море, јави ДПА, повикувајќи се на воени извори. Операцијата „Софија“ почна во 2015 година за борба против трговците со луѓе во Либија, но потоа нејзиниот фокус беше пренасочен кон спасување на луѓето во море. Досега, 49.000 мигранти...

Се подготвуваат контрамерки за Косово

Во насока на решавање на проблемот со воведените зголемени царини од страна на Косово, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, е во постојана комуникација со ресорните министри од регионот. Официјално, Македонија со допис до ЦЕФТА, ЕУ и до Владата на Косово побара повлекување на привремената одлука за зголемување на царините за увозното овошје и зеленчук. Ако Косово не...

Вдомен мачорот кој ги предвидуваше резултатите од Мундијалот

Мачорот Ахил од музејот „Ермитаж“ во Санкт Петербург, кој стекна светска слава со предвидувањата на резултатите од неодамна одржаното Светско првенство во Русија, ќе го вдоми неговата ветеринарка Ана Кондратјева. - Разгледавме 37 кандидати и сите гарантирааа дека Ахил ќе има среќен живот и дека нема да го спречуваат во неговите социјални активности, бидејќи мачорот посетува болници и има многу...