Неисправна вода за пиење во прилепската Ѓумушица

Водата за пиење од крајпатната чешма во населеното место Ѓумушица, кај Прилеп, не е исправна и не смее да се користи за пиење, без да се преврие најмалку десет минути, информираа од прилепскиот центар за јавно здравје. Оттаму објаснија дека Центарот врши редовни анализи на исправноста и квалитетот на водата за пиење од јавните чешми во населените места, каде...

По 45 години, целосно се реконструира една од градинките „Младост“ во Тетово

Децата згрижени во објектот „Тетекс“ на градинката „Младост“ во Тетово од септември ќе посетуваат целосно реновирани простории. Станува збор за најголемата реконструкција на градинките, за која ќе бидат потрошени пет милиони денари, пари одвоени од општинскиот буџет. - Конкретно, се менуваат сите санитарни јазли, секоја занимална ќе има свој санитарен јазол за децата, се реновираат сите простории, се урива сѐ...

Македонија ќе воведе контра мерки доколку Косово не ја повлече одлуката

Македонија и официјално, со допис до ЦЕФТА, ЕУ и Владата на Косово, побара повлекување на времената одлука за зголемување на царините за увозното овошје и зеленчук. Ако Косово не ја повлече одлуката, Владата на Република Македонија ќе преземе мерки за заштита на домашното производство, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Според МЗШВ, владите на Македонија и Косово преговараат за...

Обнова ќе има, нема намена за Офицерскиот дом

По долги барања, ургирања, лобирања, пред извесно време општината Битола ги доби одобрението за конзервација и реконструкција на домот од Управата за заштита на културното наследство и градежната дозвола од Министерството за транспорт и врски, но сѐ уште не е решено за што ќе се користи Офицерскиот дом, еден од архитектонските симболи на Битола, за кој битолчани со право велат...

Фронтекс наскоро со поголеми овластувања во Македонија

Претставници на Европската комисија и на Македонија вчера, по повеќемесечни преговори, во Брисел ја парафираа спогодбата за соработка на граничните полиции, позната како Фронтекс 2. Откако ќе стапи во сила овој договор, европските граничари ќе имаат поголеми овластувања и ќе можат да интервенираат на граничните премини, заедно со националните безбедносни сили. Фронтекс 2 има цел да ги зајакне надворешните граници...

Собранието едногласно ја донесе декларацијата за членство во НАТО

Со 76 гласа „за“, без против и воздржани, Собранието вчера ја донесе декларацијата за поддршка на пристапниот процес за членство на Република Македонија во НАТО. Пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец, рече дека влезот во НАТО директно носи безбедност и стабилност, но, сепак, како што посочи, најголемите индиректни влијанија што ги носи членството не се воени туку економски бенефиции. - Искуствата на...

Бизнисмените сакаат партнерски однос со државата

За добри услови за стопанисување, како што велат бизнисмените, не се доволни само брза регистрација на фирма или лесен пристап до финансии, туку се потребни и добра инфраструктура, добро образован кадар..., а најважно е државната администрација да сфати оти таа е тука за да му помага на бизнисот, а не да му пречи Најголем проблем на стопанството се инспекциските служби,...

Совети од РСБСП за безбедно ноќно возење

Возењето во ноќни услови носи многу предизвици, потенцијални закани и опасности од аспект на безбедно одвивање на сообраќајот и токму затоа Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) советува за полесно справување со предизвиците од ноќното возење. - Најголем предизвик кај ноќното возење е слабата видливост на патот и околината. Една студија во САД покажува дека од една...

АД ЕЛЕМ продаде вишоци електрична енергија за 796.080 евра

АД ЕЛЕМ продаде 12.000 мегават-часови вишок електрична енергија по просечна цена од 66.34 eвра за мегават час. Компанијата соопшти дека вкупниот приход од оваа продажба реализирана вчера, е 796.080 евра. Продадените вишоци електрична енергија се за септември 2018 година. - Ова е петта аукција за продажба на електрична енергија од почетокот на годинава. АД ЕЛЕМ досега продаде вкупно 217.560 мегават-часови со вкупен...

Јункер идната недела на средба со Трамп

Првиот човек на Европската комисија, Жан-Клод Јункер идната недела доаѓа во посета на Вашингтон, каде ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, во време кога ЕУ и САД се наоѓаат во сложени политичко-трговски односи. Трамп и Јункер ќе се сретнат во Белата куќа в среда, при што се очекува да разговараат за економски и безбедносни прашања. Американскиот претседател досега многупати...