Ширум Европа уапсени 15 луѓе поради онлајн измама
По шестгодишни подготовки и координација во меѓународна операција уапсени се 15 лица осомничени за онлајн измама, со која е нанесена штета до 18 милиони евра, соопшти Европол.
Во акцијата од 12 до 15 јуни пребарана е 31 куќа во Кипар, во Естонија, Финска, Германија, Латвија, Литванија, Швајцарија, Украина и Обединетото Кралство.
Водачот на криминалната група е уапсен на Кипар,...
Сончево и значително потопло
Сончево и значително потопло со слаб до умерен северозападен ветер.
Дневните температури ќе се движат во интервал 25 до 36 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината слично време со температура до 34 степени.
УВ индексот ќе изнесува 9.
Во недела кон крајот на денот има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи. Од понеделник следува период на нестабилно време со пороен...
Наполи нема интерес за Бензема и Ди Марија
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, изјави дека нема намера во клубот да ги донесе Карим Бензема и Анхел ди Марија, додека Единсон Кавани би го ангажирале само ако се согласи на двојно помала плата.
Наполи во новата сезона ќе го предводи тренерот Карло Анчелоти, поради што се појавија гласини за нови трансфери во клубот.
Но, Де Лаурентис за италијанските медиуми...
Конте со тужба за Челзи
Поранешниот тренер на Челзи, Антонио Конте, ќе поднесе тужба против лондонскиот клуб поради едностраната одлука при раскинувањето на договорот со него.
Италијанскиот стручњак беше отпуштен на 12-ти јули, а на неговото место Челзи веднаш го ангажираше Маурицио Сари.
Конте смета дека раководството на клубот го прекршило договорот и по судски пат ќе бара да му се исплатат девет милиони...
Младите македонските ракометари со победа над Велика Британија стартуваа на ЕХФ шампионатот
Машката младинска репрезентација убедливо ги совлада ракометарите на Велика Британија со 32:15 и со победа го почна ЕХФ шампионатот за ракометари до 20 години што ќе се игра од денеска до 29 јули во Скопје.
Избраниците на селекторот Данило Брестовац ја потврдија фаворитската улога и по победата над британските ракометари ги освоија првите поени, по што следуваат натпреварите со останатите...
Шведска бара помош за гаснење шумски пожари
Шведска ја зафатија силни шумски пожари, дури и во арктичкиот поларен круг, поради што владата во Стокхолм одлучи да побара помош од други европски држави.
Премиерот Стефан Левен изјави дека неговата влада работи „од минута во минута“ за да обезбеди неопходни ресурси за стотина пожарникари и други кои се ангажирани во гаснењето на околу 50 шумски пожари. ...
Заврши расправата за измените на Изборниот законик
Собраниската Комисија за европски прашања речиси два часа пред полноќ ја заврши расправата по Предлог-законот за изменување на Изборниот законик по скратена постапка, во второ читање, без воопшто да се одлучува по предложените 401 амандман од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот на Комисијата, Артан Груби од ДУИ рече дека има многу пријавени за збор, а седницата согласно Деловникот мора да заврши...
Истрагата утврди дека полицијата не го убила кошаркарот Ханикат
Американскиот кошаркар, Тајлер Ханикат, не е убиен во престрелката со полицијата, туку бил мртов пред полициските службеници да влезат во неговата куќа.
Првично американските медиуми објавија дека кошаркарот на руски Химки бил застрелан во престрелка со полицијата, откако поради психолошки проблеми се затворил во неговата куќа.
Меѓутоа, полициските власти на Лос Анџелес ги демантираа овие тврдења и соопштија дека Ханикат извршил...
Турција со нови докази ќе ги убедува САД за поврзаноста на Ѓулен со државниот удар
Турција има нови докази кои ги поврзуваат следбениците на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен со неуспешниот државен удар во 2016 година, изјави денеска турскиот министер за правда Абдулхамит Ѓул, додавајќи дека за новите информации ќе разговара со американскиот колега.
Неуспешните двегодишни напори на Турција за екстрадиција на Ѓулен од САД, ги нарушија односите меѓу двете членки на НАТО. Вашингтон...
ЕУ ја потсети Велика Британија дека истекува времето за успешно завршување на преговорите
Главниот преговарач на ЕУ за Брегзит Мишел Барние го предупреди денеска Лондон дека располага со 13 седмици за постигнување договор.
Според него, 80 отсто од текстовите дискутирани во нацрт-договорот се одобрени од страна на ЕУ и Велика Британија. Тој истакна дека на денешниот состанок на Советот на ЕУ, било повторно потврдено единството на земјите-членки на Унијата, јави БТА. Европската комисија...







































