Посакувам да ви се повтори „шпанската приказна“

Ексклузивно интервју со амбасадорот на Кралството Шпанија, Емилио Лоренсо Сера Просперитетот и модернизмот на Шпанија добија спектакуларен поттик со влезот во Европската Унија и во НАТО. Како пријател на оваа земја, она што ви посакувам е да доживеете слична трансформација, благодарение на влезот во двете организации Шпанија доби нова влада во почетокот на јуни годинава. Какви промени донесе новата влада и...

Поради торнадо, во Ајова, прогласена катастрофа

Гувернерот на американската држава Ајова Ким Рејнолдс прогласи катастрофа во четири области погодени од торнадо. Овој потег на гувернерот овозможува да се искористат државните ресурси за да се санираат штетите што настанаа откако торнадо мина низ окрузите Ли, Маршал, Полк и Ван Бурен. Националната метеоролошка служба соопшти дека најмалку едно деструктивно торнадо поминало низ централна Ајова, со ветрови кои дуваа со...

МПЦ-ОА во челустите на соседните православни цркви

Зошто СПЦ и БПЦ сакаат да ја присвојат Охридската архиепископија како свој корен Писмената комуникација меѓу СПЦ и БПЦ ги потврдува тенденцијата и аспирациите на двете наши соседни цркви (СПЦ и БПЦ) дека тие недвосмислено тежнеат кон присвојување на МПЦ, а со тоа и на ОА, но со различни појдовни основи и различен влог во таа игра, а секако со нивна...

Мириси на природата вашиот дом

Тешкиот воздух, цигарите, остатоците од храна и пијалаците сето тоа создава непријатен мирис во вашиот дома, а вам ви се истрошил освежувачот за воздух. Немојте да се нервирате, бидејќи во нашиот денешен текст ќе ви понудиме неколку совети за создавање фантастични мирисни комбинации со кои ќе внесете пријатни мирисни ноти во вашиот дом. Лимон и рузмарин Првата добитна комбинација што можете...

ФИФА казни шест клуба поради неисплатени плати

Светската фудбалска федерација (ФИФА) им изрече казни на шест клубa, вклучувајќи по еден од Русија и од Турција, поради неисплатени плати на играчите, со што се доведоа себеси до евентуално одземање бодови во лигите во кои настапуваат. Така, рускиот второлигаш Кубањ е казнет со 12.900 евра од страна на Дисциплинскиот комитет на ФИФА, а за да ги избегне понатамошните санкции,...

Далас каубојс е највредниот спортски клуб на светот

Познатиот клуб во американски фудбал (НФЛ) Далас каубојс е највредниот клуб на светот, со 4,8 милијарди долари, покажале најновите истражувања на познатиот економски магазин „Форбс“. Зад Далас, чија вредност е зголемена за 14 отсто во однос на лани, се наоѓаат славните фудбалски клубови, англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед (4,1 милијарда) и шпанските клубови Реал Мадрид (4,08) и Барселона (4,06). Во првите 10...

„Л’екип“ ги избра најлошите фудбалери на СП во Русија

Познатиот француски спортски дневник „Л’екип“ на своите милионски читатели им го претстави најлошиот тим на неодамна завршеното Светско првенство (СП) во фудбал, кое се одржа во Русија. Така, во изборот овој дневник на столбот на срамот ги постави „најлошите од најлошите“, се разбира давајќи им слаби оценки, кои се движат од 2 до 3,67. Меѓу нив се дури три фудбалери...

Солистички концерт на рускиот пијанист Вадим Колоденко на „Охридско лето“

По синоќешниот настап заедно со виолинистката Алена Баева во рамки на „Охридско лето“, пијанистот Вадим Колоденко вечер ќе има солистички настап во катедралната црква „Света Софија“. Вадим Колоденко има репутација на еден од музички најдраматичните и технички најнадарените изведувачи на новата генерација пијанисти. Како добитник на Златниот медал на Интернационалниот пијано натпревар „Ван Клибурн“ во 2013 година, Колоденко започнува да...

Шкендија остана да ја брани честа на македонскиот клупски фудбал во Европа

Другите македонски претставници, Вардар, Работнички и Шкупи, се збогуваа од Лигата на Европа уште во првото квалификациско коло За разлика од минатата година, кога Вардар ги израдува љубителите на фудбалот во Македонија со историскиот настап во групната фаза во Лигата на Европа (ЛЕ), годинава им приреди вистинско разочарување. Црвено-црните уште во првото квалификациско коло беа елиминирани од просечниот ерменски клуб...

Коскоска и Петровска се враќаат во репрезентацијата

Бојана Бејатовиќ (2.057 рејтинг-поени), Драгана Николовска (1.856), женската интернационална мајсторка (ЖИМ) Габриела Коскоска (2.033), Катерина Петровска (1.966) и Ивана Манова (1.745) се шахистките што ќе ги бранат боите на Македонија на претстојната 43. Шаховска олимпијада (ШО), од 23 септември до 6 октомври, во грузискиот град Батуми. Тоа ни го соопшти селекторот на женската шаховска репрезентација на Македонија, велемајсторот (ВМ)...