Голем пожар во близина на Атина, граѓани ги напуштаат домовите

Голем пожар беснее во западниот дел на областа Атика во поширокиот регион на Атина. Огнената стихија сė уште не е ставена под контрола, а граѓани од околината, превентивно, ги напуштаат нивните домови. Чадот ја покри речиси целата грчка престолнина, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за шумски пожар кој се проширил кон населеното место, додека, пак, временските услови,...

Интернет-измамници организираат лажни наградни игри

Босна и Херцеговина Многу граѓани биле жртви на измами на Интернет преку поставување лажен профил на социјалните мрежи со лажни информации за наградна игра со фотографии, а потоа се бара да се стави лајк, да се стави некој коментар и да се сподели страницата Во последно време сѐ повеќе граѓани на Босна и Херцеговина се изложени на интернет-измами, а некои што...

Обвинителството ќе истражува дали имало злоупотреба со грантовите од Фондот за иновации

По објавите во медиумите за евентуални злоупотреби при доделување на грантови по јавен повик од Фондот за иновации и технолошки развој, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет по допрен глас. Од Обвинителството соопштуваат дека преземаат дејствија за утврдување на факти во предметот, а во врска со евентуални сторени кривични дела во постапката по јавен...

„Жаба“ на Јукиќ освои три награди на Пулскиот фестивал

На годинашниот 65. Филмски фестивал во Пула, Хрватска, „Жаба“ во режија на Елмир Јукиќ освои „Златна арена“ за најдобар филм и „Златна арена“ за режија, а ја доби и главната награда од Федерацијата на филмските критичари на Европа и Медитеранот - ФЕДОРА. Фестивалот на „Жаба“ и го додели и признанието за Најдобра малцинска копродукција. „Жаба“ зборува за посттрауматските состојби и безнадежноста,...

Бензините поевтинуваат за денар, дизелот за денар и половина

Бензините и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар, а дизелот за денар и половина, одлучи на денешната седница Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата цена на Еуросупер БС 95 изнесува 71 денар за литар, а Еуросупер БС 98 ќе се продава за 73 денари за литар. Екстралесното масло за домаќинство ќе чини...

Новозеландска компанија воведува работна недела од четири дена

Новозеландската фирма „Перпетуал Гардијан“ одлучи да воведе четиридневна работна недела, а вработените да ги плаќа како да работеле пет дена. Фирмата, која се занимава со надзор, пишување тестаменти и продажба на недвижности, се одлучи на тоа откако во март и април спроведе истражување во кое 240 работници работеа четири дена во неделата, пишува „Њујорк тајмс“. Како што се наведува, утврдено е...

Словенечкиот претседател нема кому да му довери мандат за состав на влада

Словенечкиот претседател Борут Пахор денеска го информираше Парламентот дека нема да номинира ниту еден кандидат за состав на влада, бидејќи ниту една партија не обезбедила мнозинство по изборите одржани на 3 јуни. Во писмото упатено до претседателот на Парламентот Матеј Тонин, Пахор соопшти дека по консултациите со шефовите на пртатеничките групи, утврдил дека никој ги нема неопходните гласови за...

Турција ја поздрави одлуката на Озил да се повлече од германската репрезентација

Министрите во турската Влада ја поздравија одлуката на германскиот фудбалер Месут Озил да го напушти германскиот национален тим, пренесуваат локалните медиуми. Одлуката Озил ја објави на социјалните мрежи, обвинувајќи официјални лица и медиуми за расизам, откако претходно покрена бура реакции во јавноста со неговите фотографии со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, снимени во Лондон. - Ние го поддржуваме чесниот став на...

Намален јавниот долг на државата

Светската банка забележа дека Македонија за краток период има исклучителен напредок во управувањето со јавниот долг, соопшти Министерството за финансии. Во објавата за напредокот во рамките на Програмата за управување со јавниот долг и ризиците, од Светска банка посочуваат дека последнава година во Македонија во рекордно време се постигнати напредок и приближување на управувањето со јавниот долг во однос на...

Годинава во Бугарија двојно повеќе работници од странство

Во Бугарија од јануари до почетокот на јули се издадени 6.700 дозволи за работа на странци од земјите надвор од Европската унија, а во истиот период минатата година биле ангажирани околу 3.000 работници од трети земји, покажуваат податоците на Агенцијата за вработување. Најмногу работници се ангажирани од Украина, Молдавија, Киргистан и Србија. Странците од трети земји главно се вработуваат во бугарските...