Спасени близначки од пожарот во Грција, но им се губи трага

Катастрофалните пожари во Грција, освен жртви, повредени и исчезнати, оставија зад себе и трагични судбини на луѓе кои не знаат каде се нивните најблиски. Дали се живи и загубени или се на листата загинати. Дописничката на МИА јави дека од пожарот во Грција успешно биле спасени 9-годишни близначки, на кои потоа им се губи трагата. Од рано утрово, татко на...

Почина затвореник во Идризово

Триесет и четиригодишен осуденик од Тетово бил пронајден мртов во ќелија во КПУ Идризово, соопшти полицијата. Според истиот извор, вчера попладне М.Д.(34) од Тетово во ќелија бил пронајден во бесознание. Тој со возило на затворска служба бил однесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од страна на лекар била констатирана смрт. Телото на починатиот било дадено во судска медицина за...

Репрезентацијата ќе се собере на 3 септември на Гибралтар

Во првиот меч во Лигата на нациите, Македонија му гостува на Гибралтар, на 6 септември, а три дена подоцна во Скопје ја пречекува Ерменија. Селекторот Ангеловски најавува дека ќе бидат повикани главно истите фудбалери што настапуваа во квалификациите за СП 2018 Во септември почнуваат натпреварите во новоформирана Лига на нации (ЛН) во фудбал, во која Македонија е во најслаборангираната т.н....

Раца Фирфова-Ѓоргова не е единствената голема љубов на Рацин

Деведесет години од „Стихови и дописки до Раца“ Данило Коцевски пишува во неколку наврати за цела галерија девојки во кои Рацин бил вљубен и на кои им пишувал писма, им посветувал песни. Љубовната лирика на Рацин не е доволно проучувана. Во нашата поширока јавност е создаден генерален и, главно, погрешен впечаток дека единствената голема љубов на Рацин е велешанката Раца...

Ватикан нуди духовна инспирација за Биеналето на архитектура во Венеција

Светиот престол со векови е еден од најголемите покровители кога станува збор за архитектурата, но досега никогаш нема учествувано на оваа глобална архитектонска изложба. Не треба да изненадува фактот дека, со оглед на црковната традиција, павилјонот на Ватикан претставува место за секаков вид аџилак: инсталацијата од 10 капели, дело на десетина архитекти, распослана околу раскошна градина, се наоѓа на...

Црна Гора доби бодликава жица како донација од Унгарија

Црна Гора од Унгарија доби бодликава жица за заштита на границата со Албанија од илегални имигранти, соопшти синоќа црногорскиот премиер Душко Марковиќ, по средбата со неговиот унгарски колега Виктор Орбан во Подгорица. Марковиќ рече дека Црна Гора е подготвена за одбрана на границата од евентуално зголемување на приливот на мигранти, истакнувајќи дека сė уште нема основа за поставување на жица...

Пијанистите Сун Хи Јоу и Марко Чампи ја воодушевија публиката на „Охридско лето“

Младите и исклучително талентирани пијанисти, Сун Хи Јоу од Северна Кореја и Италијанецот Марко Чампи, настапија во црквата „Света Софија“ во рамките на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“. Нивниот концерт претставуваше вистинско уживање за љубителите на уметноста, кои со огромно внимание го проследија музичкиот настан, но и го наградија со бурни аплаузи. Пијанистката Сун Хи Јоу од Јужна Кореја,...

Промоција на „Динга стоп: скопски приказни од Ново Маало“

Промоција на книгата „Динга стоп: скопски приказни од Ново Маало“ од Владимир Плавевски, вечерва, со почеток во 19 часот, ќе се одржи во центарот на автентичната скопска населба Ново Маало, која е во фокусот на авторот Плавевски. Тој ќе оствари средба со своите новомаалци, со кои ќе се потсетат на животот и луѓето од старо Скопје и некогашно Ново...

Деми Ловато во стабилна состојба по предозирањето со дрога

Латиноамериканската поп пејачка Деми Ловато е во стабилна состојба, контактибилна и опкружена со семејството, по хоспитализирањето завчера откако наводно се предозирала, соопшти нејзиниот портпарол. - Деми е будна и е опкружена со семејството, кое сака да ви се заблагодари на сите за искажаната љубов, молитви и поддршка - изјави нејзиниот претставник. Тој притоа замоли да се почитува нејзината приватност и...

„Македокс“ – еко-доку филмски маратон во Струга

Фестивалот „ДримОН“ е последната станица на деветтото патувачко кино по прикажувањето документарци во Ташмаруништа, Радожда, Мали Влај Вечерва во Струга, во 22 часот, во рамките на фестивалот „ДримОН“, во домот на културата „Браќа Миладиновци“, ќе започне „Македокс“ - еко-доку филмски маратон. Тоа е воедно и последната станица од годинешното издание на патувачкото кино на фестивалот „Македокс“ од деветтото негово патешествие...