Фотографии на девојки наместо во модна агенција објавени на сајт за контакти

Две лица заработија кривични пријави поради тоа што лажно претставувајќи се како модни агенти сликале четири девојки од Охрид, а сликите потоа заедно со нивни лични податоци ги поставиле на сајт за остварување контакти. Како што информира МВР кривична пријава е поднесена против К.К (29) од Свети Николе и Н.Ц. (31) од Охрид, кои на 23 јули минатата година на плажа во...

НБРМ: Поповолна состојба во економијата во вториот квартал

Советот на Народната банка на Република Македонија денеска го разгледа и усвои најновиот Квартален извештај, при што повторно беше истакнато дека по олабавувањето на монетарнaта политика кон крајот на првото тримесечје, основната каматна стапка остана непромената на нивото од 3%. - На девизниот пазар, и во текот на вториот квартал од годинава, движењата беа поволни, при што НБРМ и натаму...

Македонскиот „Еклер“ најдобар на „Прифест“

Македонскиот краток филм „Еклер“, по сценарио и режија на Марко Ѓоковиќ, ја доби наградата за најдобар филм во категоријата среднометражни филмови, на годинешното десетто издание на меѓународниот филмски фестивал во Приштина „Прифест“. Филмот претходно го освои гран прито за најдобар среднометражен филм и на 23-то издание на Меѓународниот филмски фестивал во Ненси. „Еклер“ е приказна за синот на готвачката во...

Со нож нападнато 10-годишно девојче во Тетово

Десетгодишно девојче било нападната со нож вчера во Тетово во близина на зградата во која живеело, соопшти МВР. Случајот во полиција го пријавил таткото на девјчето, кој кажал дека вчера околу 17 часот неговата 10-годишна ќерка, во близина на зградата во која живееле, била нападната од машко лице, кое и се доближило и со нож и нанело неколку исеченици. Откако...

Почина академик Милан Ѓурчинов

Академик Милан Ѓурчинов, кој почина завчера, на 90-годишна возраст, е најсуптилен македонски литературен критичар, кој со својата широка образованост и култивираност, со своите плуралистички погледи кон творечките појави и со критериум од највисок домен внесе нов дух во толкувањето на литературното творештво во нашата средина, приближувајќи ја критичката дејност кон европските стандарди. Академик Милан Ѓурчинов, редовен член на Македонската академија...

Помор на поголема количина риби во Брегалница

Помор на поголема количина риби е забалежан вчера во водите на Брегалница во близина на Делчево. МВР соопшти дека поморот на риби бил кај место викано „Долен мост“. Полициски службеници во содејство со инспектор од Министерство за шумарство, земјоделство и водостопанство и ветеринарен инспектор, излегле на терен, по што е извршена крим техничка обработка. Од повеќе места долж течението на реката...

Изложба во автентичен амбиент на железничка станица

Вечерва, во 20 часот, во Музејот на градот Скопје ќе биде отворена изложбата „Од братство и единство ’63 до Скопје ’63“, подготвена по повод 55 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, кој се случил на 26 јули 1963 година. Изложбата ќе биде поставена во Музејот на градот Скопје и надвор од зградата, на отворениот простор под источната фасада, во автентичен...

Македонското име на историската сцена

Фељтон - Преродбенските пројави на македонството (1) Првиот претседател на современа Грција, Јоан Каподистрија, кој, како висок руски државник, во 1828 год. во планот за поделба на европска Турција предлага територијата на Бугарија да влезе во Србија, а Македонија, како одделна самостојна држава да се формира на просторот од Стара Планина до Олимп Фељтонот што го објавуваме содржи делови од книгата...

Почна борбата за името и за државата

Фељтон: Преродбенските пројави на македонството (2) Сред македонската емиграција во Бугарија во 1980-тите години се формираат многу македонски друштва. Првото Македонско благотворно друштво во Софија е основано уште во 1881 година, а во Русе во 1884 е формирано друштвото „Александар Македонски“. Во Софија во 1885 година почнува да излегува и првиот весник „Македонскии глас“ што ги храбри Македонците за организирана...

Се изложува грчката колекција на МСУ

Денеска, во 12 часот, во Музејот на современата уметност во Скопје ќе биде отворена изложбата „Грчката колекција во Музејот на современата уметност“. - Политичката и, поради неа, културната разделеност помеѓу Република Македонија и Република Грција до неодамна претставуваа нерешлива енигма, но притоа секогаш се појавуваа мигови на вистинска релација остварена преку индивидуални или институционални форми на поврзување што ги доближуваа...