Албанија уапси терорист од Сирија кој влегол како бегалец

Албанската полиција, во група нелегални мигранти открила Сириец кој бил дел од терористичка група која сеуште војува во Сирија и Ирак, пишува „Коха јон“. Групата била откриена пред два дена во близина на преминот Капштица, на албанско-грчката граница кај Корча, а ја сочинувале 16 лица. Од нив десет се од Сирија, петмина од Пакистан и еден од Либија. Сите веднаш биле...

Грејс Џонс: уметност на провокација и ексцентричност

Бренд-концепти: Музички икони (24) Таа е една од најзначајните светски уметници на современата доба. Пејачка, актерка и моделка. Пејачка што израсна во револуционерна музичка икона. Актерка што стана филмска дива. Моделка, не каква било, туку врвна супермоделка. Да, тоа е единствената и неповторлива Грејс Џонс, чиј живот, без сомнение, е екстремно занимливо четиво. Се прослави со необичните музички хитови со...

Втор меморијален планинарски марш „Сашо Костадиноски“

Во недела 29 јули Планинарско еколошкото друштво „Ендорфин“ од Кичево, во спомен на својот прерано починат член, другар и пријател Сашо Костадиноски, го организира вториот меморијален планинарски марш на планината Гољак. Предвидено е искачување на Вели Врв, највисоката кота на оваа средно висока планина, која ги раздвојува селата во Копачијата и Бржданска Река. -Во недела 29 јули нашето планинарско друштво...

„Лена и Владимир“ се снима во Скопје

Во Скопје се снима македонскиот долгометражен игран филм „Лена и Владимир“, според сценарио од Александар Русјаков, во режија на Игор Алексов, чиј директор на фотографија е Душан Кардалевски. Снимањето започна во паркот „Сарај“, кој се смета за главна локација, каде што и се случува големиот дел од дејството на филмот, а ќе се снима вкупно 4 недели во градот...

На улица во Скопје брутално ограбена старица

78-годишна старица В.Т. од Скопје вчера во 13.00 часот во близина на нејзината зграда во населбата „Јане Сандански“ на пешачката патека, од страна на непознат сторител на дрзок начин била ограбена. Имено, според пријавата сторителот и пришол од позади на оштетената и со сила од вратот и го отргнал златниот ланец по што таа паднала на земја и од падот...

Објавен романот „Само дојди си дома“ од Андреј Е. Скубиц

„Македоника литера“ го објави романот „Само дојди си дома“ од словенечкиот писател Андреј Е. Скубиц, во превод од словенечки јазик на Давор Стојановски. „Само дојди си дома“ (2014), кој во 2015 година е добитник на најпрестижната книжевна награда во Словенија, „кресник“,опфаќа многу актуелна и претходно необработена тема во словенечката книжевност: политичките тајкуни и корупцијата. Во вителот од настани, кои може...

Монетата на Александар дава нови сознанија за Стибера

Од македонскиот период на егзистирање на градот се издвојува уште еден наод, а тоа е теракотна биста на божица со круна на главата, веројатно со претстава на градски ѕидини Завршија годинашните археолошки истражувања на локалитетот Бедем, Стибера, кај селото Чепигово, проект на Прилепскиот завод и музеј. Се доистражуваше градбата откриена со ископувањата во 2017 година, која била подигната веднаш до...

Погледите на „мајка Русија“

Преродбенските пројави на македонството (3) Според тогашното руско мислење, би било праведно да се поддржи барем морално ова многубројно племе што зборува на посебно словенско наречје и си има своја стара историја (од 6 до 15 век), не помалку интересна од историјата на Бугарите и на Србите. Македонците се исто такви христијани, притоа православни, како што се и Србите со...

Тина Тарнер ја расфрли пепелта на својот син во Океанот

Тина Тарнер ја расфрли пепелта на нејзиниот син Крег Рејмонд Тарнер во Океанот. Тој изврши самоубиство дома во неговата куќа пред помалку од еден месец. Тарнер вчера објави фотографија на социјалните мрежи, на која роднини и пријатели се собрале во Калифорнија, за да му оддадат последна почит на Крег. Под сликата Тина напиша: „Мојот најтажен момент како мајка. Во четвртокот, на...

Во Битола почнува фестивалот „Илинденски денови“

Со фолклорно дефиле по Широк Сокак и со традиционалното оро „Комитско“ во изведба на КУД „Илинден“-Битола, вечер почнува 48. издание на Републичкот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“. Годинава првпат фестивалот има пет програмски вечери, стандард кој произлегува од членството на Фестивалот „Илинденски денови“ во светското семејство на фолклорни фестивали ЦИОФФ, истакна Маја Андоновска-Илиевски, директорка на НУ Центар...