Се запали автомобил кај селото Кружје

Патничко моторно возило марка „пежо“ со струшки регистарски таблици се запалило денеска на патот Охрид – Ресен, кај се селото Кружје. Ресенската противпожарна единица за МИА информира дека нема повредени лица, а возилото е целосно уништено. - Несреќата се случила околу 12 часот. Интервениравме со две возила и тројца пожарникари. Возилото беше целосно опожарено, а луѓето беа настрана, изјави дежурниот пожарникар. 

Арсенал му даде 5 гола на ПСЖ, Озил со одличен кам-бек

Арсенал го совлада ПСЖ со 5:1 во пријателски натпревар во Сингапур, која е дел од Интернационалниот куп на шампионите. Французите се потпираа главно на тинејџери и резултатот ја одразува разликата во класата. Од првата минута за „топџиите“ започна Месут Озил, кој дури ја доби и капитенската лента, што очигледно е дел од стратегијата на Унаи Емери да го извлече од...

Телефонски разговор меѓу Помпео и Чавушоглу во обид да се надмине кризата

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу денеска повторно телефонски разговарал со американскиот државен секретар Мајк Помпео, за затегнатите односи меѓу двете држави. Двајцата министри се слушнаа и завчера, откако претседателот на САД Доналд Трамп најави санкции за Турција, поради апсењето на американскиот протестантски свештеник Ендрју Брунсон. Турција, пак, бара од САД да и го екстрадираат муслиманскиот свештеник Фетула Ѓулен,...

Дачиќ: САД сега има нов пристап кон косовското прашање

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека САД имаат нов, конструктивен пристап кон решавањето на косовското прашање, за кој рече дека претставува значителна промена од досегашниот став. - Тоа значи дека се отвори вратата за барање на ново, компромисно решение, нешто на што САД не беа подготвени во изминатите години бидејќи сметаа дека косовското прашање е затворено...

Филипче: Нови 80 вработувања во битолската клиничка болница

Министерот за здравство Венко Филипче денеска беше во посета на Клиничката болница во Битола, каде наскоро ќе бидат вработени нови 80 доктори и медицински персонал, а во финална фаза е и изградабата и инсталацијата на првиот линеарен акцелератор во овој дел од земјата. Битолската болница ќе биде првата каде што ќе се применува пилот - проект за снимање на...

Автобус падна во провалија во Индија, најверојатно 33 загинати

Автобус падна во провалија во западниот дел на Индија и се стравува дека притоа се загинати 33 лица, изјави официјален претставник. - Автобусот со 34 вработени на Земјоделскиот факултет излетал од кривината на планинскиот пат во областа Рајгад, во државата Махараштра, при што еден маж успеал да излезе и да се качи на патот по што ги информирал службите на универзитетот...

Синот на Михаел Шумахер со прва победа на „Спа“

Синот на седумкратниот светски шампион во Формула 1 Михаел Шумахер, Мик, ја забележа својата прва победа во европската Формула 3 на патеката „Спа“ во Белгија. Триумфот на Мик е на истата патека, каде што неговиот татко го постигнал својот прв успех во Формула 1 пред 26 години. Шумахер мораше да почека речиси година и пол за да го дочека својот миг,...

Папата ја прифати оставката на кардиналот обвинет за сексуално малтретирање деца

Папата Франциско ја прифати оставката на американскиот кардинал Теодор Мекерик од колеџот на Кардналите, откако Мекерик беше обвинет дека пред половина век сексуално малтретирал малолетник во Њујорк. Папата воедно му нареди на Мекерик да се моли и да се покае за случајот. Мекерик (88) ги негира обвинувањата против него. Според обвинувањата, тој две децении малтретирал еден сега 60 годишен маж...

Експлозивни направи и муниција пронајдени во центарот на Белград

Во центарот на Белград, зад црквата Свети Марко на Ташмајдан, денеска е откриена голема количина на експлозивни направи и муниција. Како што информираат белградските медиуми, граѓаните меѓу црквата Свети Марко и зградите во Таковска улица забележале оставен сомнителен ранец и веднаш за тоа ја известиле полицијата. Според првичните информации, во ранецот биле пронајдени две димни бомби, солзавец, спорогоречки фитили за...

Приведени Албанци кои непријавено работеле во Тетовско

Во полициска акција на две локации во Тетово и село Џепчиште изутрината биле откриени и приведени вкупно 29 албански државјани кои работеле како градежни и земјоделски работници. Како што информира МВР,  денеска во периодот од 5 до 6 часот од страна на полициски службеници од СВР-Тетово спроведена е акциска контрола за откривање и законско санкционирање на странски државјани кои непријавено...