Акција за превенција од шумски пожари во Кавадарци

Со парцелизација на ридот Љубаш во непосредна близина на Кавадарци и расчистување на постоечките полски патишта и патеки во пределот помеѓу мал и Голем Љубаш општина Кавадарци ќе се брани од шумски пожари. Оваа превентивна акција за заштита од пожари општина Кавадарци ја спроведува во координација со Територијалната против пожарна единица и ЈП „Македонски шуми“ подружница „Бор“. Се работи за...

Исламската држава ги примора талибанците да побараат помош од САД

Исламската држава (ИД) е премногу брутална дури и за талибанците, кои бараат помош од САД во обидот да се ослободат од ривалската исламистичка организација, пишува лондонски „Тајмс“. Авганистанците побарале американска помош во ослободувањето на нивната држава од ИД, за време на тајните разговори помеѓу двете страни. Талибанците собираат борци подготвувајќи голема офанзива против ИД во Авганистан. Тие побараа од САД...

Сообраќајка на патот Охрид-Кичево, меѓу повредените и едногодишно дете

На магистралниот пат Охрид–Кичево, на крстосницата за селата Ново Село и Црвена Вода вчера околу 8.20 часот се случила сообраќајна несреќа во која меѓу повредените е и едногодишно дете. Несреќата се случила кога патничко возило „Фолксваген“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Е. (37) од Струга, во кое се превезувале А.С.З. (36), Џ.З. (32) и четири деца на возраст од...

Продолжува чистењето на коритото на Вардар

Екипи на Град Скопје и на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ ги продолжуваат активностите за чистење на коритото на реката Вардар. На потегот од булеварот „8. Септември“ до мостот „Гоце Делчев“, од двете страни на реката, деновиве машински се коси ниската и високата вегетација, а се отстранува и наталожената мил и песокот од коритото на Вардар. Градските власти информираат дека се...

Две лица починале во Грција од вирусот Западен Нил

Од почетокот на летото, две лица на возраст од над 80 години починаа во Грција, додека 55 се заразени од вирусот Западен Нил, објави грчкиот весник „Катимерини“. Од оние кај кои се појавиле симптомите на западнонилската треска, 12 се хоспитализирани. Министерството за здравство на Грција објави информации за граѓаните за превенција и заштита од вирусот, кој во Грција се појавува од...

Грузиската војна ја врати Русија на светската сцена

Анализа на американски „Стратфор“ Војната ѝ го отвори патот на Русија да го зголеми своето влијание низ Евроазија, иако колапсот на глобалните цени на нафтата и востанието Евромајден во Украина подоцна ги покажаа границите на влијанието на Москва. Во годините по грузиската војна, Русија го одржа своето влијание на светската сцена и го заживеа ривалството со Западот, кој, пак, двојно...

Најмалку 39 убиени во напад врз училишен автобус во Јемен

Најмалку 39 лица се убиени, од кои најголем дел деца, во напад извршен во Јемен од страна на коалицијата предводена од Саудиска Арабија. Во нападот е погоден училишен автобус во северниот дел на Јемен, изјави официјален претставник на здравствените работници.

Децата-војници во Јужен Судан го оставија оружјето

Некогашните деца-војници беа ослободени од обврските во Движењето за национално ослободување на Судан, на церемонијата одржана надвор од Јамбио, Јужен Судан. Младите Суданци, чиј идентитет останува анонимен, го оставија оружјето по потпишаниот мировен договор. Повеќе од 19 илјади деца беа, воглавно, присилно регрутирани, во граѓанската војна во Јужен Судан.

Планирани биле други атентати во Европа, мрежата оди до Балканот

Белгиските дневни весници, ДХ и ХЛН, со колеги од Шпанија, Германија и Португалија, објавуваат нови сознанија на западни разузнавачки служби за други планирани атентати во Европа. Од документите до кои дошле новинарите се дознава дека терористите, по атентатите во Париз и Брисел во 2015 и 2016, планирале други напади на европско тло, и дека нивната мрежа се протега од Португалија...

Невработени лица ќе бидат ангажирани за општинско-корисна работа

Дваесет невработени лица ќе бидат ангажирани за општинско-корисна работа од страна на градот Скопје. Десет од нив ќе бидат со скратено работно време во период од девет месеци, како образовни асистенти на лица со посебни образовни потреби во девет средни училишта на територијата на градот, а по пет ќе бидат ангажирани како персонални асистенти на лица со телесна попреченост...