Раширено делото за македонскиот народ и јазик
Преродбенските пројави на македонството (11)
Бугарски став: Покрај изградените литературни јазици, српскиот и бугарскиот, вештачки да се создава сега и македонски, тоа е глупост. Тенденцијата на оваа измислица е од мошне мизерна природа - да се фрли сенка врз националното чувство на компактната бугарска маса во Македонија, која, благодарение на мрднатиот Мисирков, се убедила во својата посебна македонска народност
Пишува д-р...
Мадрид домаќин на соло-изложба на Лемпицка
Светот е сцена
Во палатата „Гавириа“ во Мадрид, Шпанија, е отворена изложбата „Тамара де Лемпицка“, која ќе трае до крајот на 2018 година. Полската сликарка, припадничка на движењето арт-деко и една од првите ликовни уметници што негувајќи гламурозен имиџ стана светска ѕвезда, Тамара де Лемпицка портретирала многу аристократи и славни личности, а изложбата донесува преглед на нејзините најзначајни дела.
Тамара де...
И Сузуки, Мазда и Јамаха лажирале тестови за нивото на издувни гасови
Еден месец по компанијата Нисан, јапонските производители на автомобили Сузуки, Мазда и Јамаха Мотор признаа дека ги фалсификувале резултатите од мерењето издувни гасови на некои возила, соопшти јапонското Министерство за сообраќај.
Интерната истрага во фабриките на 23 произведувачи на автомобили и мотори во Јапонија е покрената на барање на властите.
Сузуки соопшти дека се фалсификувани резултатите кај 6.401 возила, што...
АХВ ќе спроведе засилени контроли за присуство на ГМО во храната
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во наредниот период ќе спроведе засилени контроли за присуство на генетски модифицирани организми (ГМО) во храната, најави денеска директорот на АХВ Зоран Атанасов.
Засилените контроли, како што рече Атанасов на денешната прес-конференција, доаѓаат по откривањето во мај годинава на 550 килограми ГМО ориз произведен во Кочанско од увозно семе и присуство во увозни соини...
Скутер удрил во пливач, возачот побегнал
Пливач бил повреден од скутер во водите на Охридското Езеро, во близина на населбата „Езерски лозја“.
Како што соопшти полицијата, непознато лице вчера управувајќи скутер во водите на Охридското езеро кај населбата „Езерски лозја“, го повредило лицето Р.Д. (50) од струшкото село Ливада.
Според пријавата, Р.Д. пливал на околу 500 метри оддалеченост од брегот кај населбата „Езерски лозја“ кога бил...
Жена го прободила сопругот со нож
Жител на селото Милино бил прободен со нож во пределот на стомакот од страна на неговата сопруга, соопшти МВР.
Според истиот извор, А.А. (48) од Милино пријавил дека со нож бил прободен во пределот на стомакот од страна на неговата сопруга Е.А.. Тој бил пренесен во Медицинскиот центар Велес каде му била извршена хируршка интервенција.
Се преземаат мерки за расчистување на...
НБРМ: Банкарскиот сектор лани стабилен, банките давале повеќе кредити на домаќинствата
Македонскиот финансиски систем минатата година работеше во поповолно опкружување во однос на 2016 година, одржувајќи ја својата стабилност и непречено работење во сите сегменти.
Ова го заклучи Советот на НБРМ, денеска усвојувајќи го Извештајот за финансиската стабилност во Република Македонија во 2017 година.
Потенцирано е дека во 2017 година, банките остануваат најзначајниот фактор за одржување на стабилноста на целокупниот финансиски систем...
Попладне дожд и грмежи
Времето денеска е сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од источен правец. Попладне и кон крајот на денот, претежно во планинските подрачја ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе биде осум.
Во околината на Скопје доцна...
Се ограничуваат трошоците за брзи кредити до 200 евра
Ќе се намалат високите трошоци за брзите кредити што ги издаваат финансиски друштва и една банка. Со законските измени изработени од Министерството за финансии, вкупните годишни трошоци за потрошувачки кредити се ограничуваат на 55 проценти од кредитот, а кои досега достигнуваа и до 500 проценти од сумата на кредитот. Со измените се опфаќаат мали кредити под 200 евра што...
Авантурите на Рик и Морти „оживеаја“ на тетоважа
Тетоважата на која се прикажани главните ликови од популарната анимирана серија „Рик и Морти“, на своевиден начин „оживеа“ со помош на користење на ефектите на т.н. „зелен екран“.







































