Почна поставувањето нови информативни табли и бележењето паркинг-места во Центар
За полесно, попрегледно и пофункционално паркирање во општината Центар, јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на општина Центар“ - Скопје (ПОЦ) почна со бележење паркинг-места и поставување нови информативни табли на сите паркиралишта со кои стопанисува претпријатието. ЈП ПОЦ почна со работа од зоната 0 (нулта), а планирано е во следните два месеца да бидат обележани паркинг-местата во сите...
Крадци нападнале момче, сакале да му го украдат автомобилот
Осумнаесетгодишно момче било нападнато од крадци кои сакале да му го одземат автомобилот.
Од МВР информираат дека вчера во 5.23 часот во Единицата за информации и команда Скопје, од Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен Р.Ј. (18) од Скопје кој бил физички нападнат од две непознати лица на ул.„Јужноморавски бригади“ во Скопје.
Р.Ј....
Катче за загубени-најдени клучеви
На улицата 11 Октомври, во близината на Црвениот крст во центарот на Скопје, пред некое време беше поставена табла на која граѓаните ќе можат да ги оставаат најдените клучеви, односно тие што ги загубиле евентуално таму да ги пронајдат. Убава, креативна и корисна идеја на засега непознати скопјани.
Бучавата како данок на современото живеење
Зголемувањето на бројот на жителите, големата збиеност на зградите и на инфраструктурните објекти, намалувањето на зелените површини создаваат најразлични проблеми за жителите на градот Скопје. Сообраќајните метежи, проблемот со паркирање, загадувањето на воздухот се само некои од проблемите со кои скопјани се справуваат секојдневно, а како сериозен проблем што се наметнува со современиот живот претставува и бучавата. За жал,...
И за САД и за Иран конфликтот не е решение
Ѕвечкањето со оружје и од страна на САД и од страна на Иран во изминатиов период отвори три важни прашања. Прво, кои се навистина корените на анимозитетот помеѓу Вашингтон и Техеран, второ, дали актуелната американска стратегија може да успее и, трето, ако не успее, постои ли некоја друга опција
Уште од формирањето на Исламската Република во 1979 година, односите помеѓу...
„Новости“: Русија е подготвена да го поддржи осамостојувањето на РС
Москва е подготвена да ја поддржи Република Српска(РС) во иницирањето на прашањето за осамостојување од Босна и Херцеговина, пред сė во контекст на преговорите за конечното решение за Косово, кои се очекува да бидат интензивирани во текот на септември, тврди белградскиот весник „Вечерње новости“.
Според весникот, ваквата порака на претседателот на Република Српска, Милорад Додик би требало да му...
Хибридите се возила на иднината
Класичните бензински и дизел-автомобили полека но сигурно заминуваат во историјата. Сè почесто се зборува за алтернативни решенија за погонување на новите возила, електричните возила земаат замав на светските пазари и драстично е зголемен интересот за нив. Но, за целосна и комплетна имплементација на електричните возила ќе треба да помине подолг временски период, а дотогаш како главна алтернатива на класичните...
Вивисекција на Уставот за промена на геномот
Експертската јавност апелира до Владата да се објават што поскоро планираните амандмански измени, кои се планира да се спроведат во Уставот пред одржувањето на референдумот. На тој начин, според нив, на просечниот граѓанин ќе му се овозможат валидни информации за носење исправна одлука
Со секој изминат ден до гласањето на референдум закажан на 30 септември за спогодбата од Мала Преспа...
Шкендија со минимални шанси против Салцбург
Во Лигата на шампионите (ЛШ) во фудбал вечерва се играат реванш-натпреварите од третото квалификациско коло. Првакот на Македонија, Шкендија, вечерва (арена „Филип Втори“, 20.15 ч.) го очекува тешка задача, да ја анулира големата негатива од првиот меч против австриски Салцбург минатата среда, кога претрпе убедлив пораз во првиот меч (0-3).
Доколку Шкендија, сепак, успее да го елиминира Салцбург, следен противник...
Тешко повредено 11-годишно момче во сообраќајка
Малолетник на возраст од 11 години е тешко повреден во сообраќајка несреќа која се случила вчера околу 15.30 часот во скопско Дељадровце.
- Сообраќајна незгода се случила помеѓу мотоцикл „Хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од 11-годишник од село Дељадровци и автобус „ЛАЗ“ со скопски регистарски ознаки, линија бр.66, управуван од М.Б. (48) од истото село - инфомормираат од МВР.
Од незгодата...






































