Жена прегазена од трактор во Требеништа
Шеесет и двегодишната В.М. од с.Требеништа, со живеалиште во Австралија, вчера била прегазена од трактор на локалниот пат Требеништа - Ливоишта.
МВР соопшти дека В.М. се превезувала на трактор што го управувала Р.Ј.(67) од Требеништа, со живеалиште во САД. Р.Ј. во еден момент изгубила контрола врз тракторот и тој почнал да се движи наназад, по што В.М. паднала и со задното...
УХРМ: Од следната недела нестабилност со пороен дожд и грмежи
Стабилно и суво време за време на викендот, по што од понеделник ќе настапи нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Од УХМР соопштуваат дека до недела е можна локална појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Максималната температура утре ќе се движи од 26 до 36 степени, во сабота од 30 до 36, во недела од 29 до...
Почина 20-годишно момче, со автомобил се забил во ѕид
Тешка сообраќајка се случила вчера на регионалниот пат Куманово-село Липково кај село Опае во која животот го загуби 20-годишно момче.
Од МВР информираат дека М.А. (20) од с.Отља-општина Липково, управувајќи патничко возило „Форд-Фокус“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во бетонски столб.
-Со повреди се здобиле возачот М.А. и сопатникот А.Е., кои биле пренесени...
Британец со сомалиско потекло се заби во парламентот во Лондон
Британската полиција го идентификува напаѓачот, кој со автомобил намерно удри во група луѓе пред зградата на британскиот парламент во Лондон. Станува збор за 29-годишниот Салих Хатер, британски државјанин со потекло од Сомалија.
Полицијата го приведе Хатер откако со автомобил прегази 15 велосипедисти и пешаци пред парламентот во Вестминстер, по што со возилото удри во заштитната ограда околу парламентарната зграда.
- Случајот...
Робот од есен ќе им доставува пошта на Норвежаните
Норвешката пошта го доби својот прв робот за доставување на писма и пакети. Роботот од есен ќе им доставува пошта на жителите на градот Конгсберг, јавува порталот Норвеј Тудеј.
Ова е прв робот од таков тип во Норвешка, а бил донесен од САД пред три дена. Доколку сė се одвива според планот, роботот поштар би можел во целост да ги...
„Еко-свест“: Парк-шумата Водно во опасност од уништување
Парк-шумата Водно во изминатиот период се соочува со уништување со изградбата на гасовод низ нејзините значајни подрачја полни со биодиверзитет. Во последните неколку месеци еколошките организации и иницијативи водат битка со институциите за да го зачуваат единственото поголемо парче зеленило што му остана на градот Скопје, реагираат од здружението „Еко-свест“.
- Станува збор за спорната делница Скопје - Гостивар -...
Нова рунда преговори за Брегзит
Во Брисел денеска продолжуваат преговорите за напуштањето на Велика Британија на ЕУ и покрај ќор-сокакот во кои се наоѓаат.
Последниот предлог на британската Влада наиде млак прием во повеќето земји членки на ЕУ.
Според овој предлог, Велика Британија би останала дел од „слободна трговска зона“ на Унијата, но без да важат за неа европските стандарди.
Шефот на европскиот преговарачки тим, Мишел Барние меѓутоа...
Седумвековен даб го чува манастирот „Свети Илија“ во Прељубје
Ако дојдеш во Прељубје, а не го видиш стариот даб и не починеш под неговата ладовина, значи не си видел ништо, велат жителите на селото, кои се погрижија нивниот симбол уште долго да го краси ова место
Убавата, питома и сѐ уште неистражена Преспа, кога и да ја посетите, секогаш ви раскажува некоја нова приказна. Чистиот воздух, негибнатата природа, единствениот...
Скопје чади и лете
Инспекциските служби на градот Скопје и на повеќе општини, според нивните кажувања, константно се на терен и работат на превенирање и решавање на прекршоците поврзани со палењето различни отпадни материјали, но проблемите сѐ уште се присутни
Скопје продолжува да се бори со загадувањето и налето. Додека во зимскиот период густиот смог и токсичните концентрации на ПМ10 честички во воздухот им...







































