Удрил во полицаец бегајќи од пајак-служба

Турски државјанин со привремен престој во с. Велебрдо, Ростуше, прексиноќа во Скопје се обидел да спречи пајак-возило да го отстрани неговото неправилно паркирано возило, а при обидот за бегство со возилото удрил во полициски службеник, кој потоа успеал да го фати и лиши од слобода. Настанот се случил во 21.40 часот, на улицата Самоилова во Скопје, во моментот кога полициски...

Кои се најмоќните криминални организации во светот?

Во анализата е издвоен Мексиканскиот наркокартел како најмоќната криминална организација во светот, а во петте најмоќни се вбројува и албанската, која е во голем подем во Велика Британија, од каде што доаѓа и предупредувањето дека албанските криминални групи преземаат значителна контрола во шверцот со дрога Релевантни безбедносни опсервации до кои дојде „Нова Македонија“, а со кои се анализираат феномени во...

Меркел и Путин најдоа заеднички јазик

Кога Меркел зборува за големата одговорност што Берлин и Москва ја имаат во централните конфликти, како Сирија или Украина, таа пред сѐ мисли на стабилноста за враќање на бегалците во Сирија. Тоа го намалува притисокот во дискусијата за миграцијата што се води внатре во Германија Германската канцеларка Ангела Меркел и рускиот претседател Владимир Путин три часа разговараа во близината на...

Штрковите го одржуваат здравјето на екосистемите

Фактот што годинава во Стојаково се избројани многу повеќе гнезда е индикатор дека животните услови во селото се подобрени Штрковите сѐ помасовно го населуваат селото Стојаково во општината Богданци. Месната заедница од селото Стојаково неодамна самоиницијативно ги преброја активните гнезда и установи дека има 37 гнезда, 74 возрасни и 134 млади штркови. Жителите на Стојаково од општината Богданци ќе поведат иницијатива...

Има ли живот по затворот?

Програмата за ресоцијализација на осудениците започнува со почнувањето на издржувањето на казната, но далеку дека завршува со излегувањето од затвор. Напротив, токму тогаш треба да почне вистинската инклузија на поранешните затвореници во општеството, кои треба, како и сите други граѓани, да придонесуваат за општиот, но и за својот личен просперитет. Затоа со право се смета дека оние што се...

„Титаник“ продолжи со слушање на „бомбите“ на СЈО, останати се над 900

Со слушање на дел од останатите над 900 „бомби“ денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи  судењето во предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство, во кој на обвинителна клупа се седнати повеќе поранешни функционери. Судењето го води судијата Осман Шабани, а во судницата се присутни сите обвинети, како и застапникот на обвинетието, специјалната обвинителка Лиле Стефановска. На почетокот на денешното рочиште...

Европејците трошат 428 милијарди евра за одмор, Македонците во чекор со државите од регионот

Европејците на туристички патувања  годишно вкупно трошат 428 милијарди евра, најмногу Германците 120 милијарди, Французите 71 и Британците 61 милијарда.  Најмногу пари за одмор по жител, пак, трошат граѓаните на Луксембург, Малта и Австрија, покажуваат податоците на „Еуростат“, пренесува МИА. Луксембуржаните трошат во просек по 768 евра за туристички патувања, жителите на Малта по 646 евра и Австријците по 607 евра. Најмалку...

Започнува уривањето на изгорените куќи од пожарот во областа Атика

Од денеска започнува уривањето на куќите што претрпеа сериозна штета во пожарите во источниот дел на областа Атика на 23 јули. По спроведените контроли од инженерите од Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција, куќите кои беа обележани со црвена боја, односно кои се опасни за живеење, ќе се рушат, јави дописничката на МИА од Атина. Според радиото „Атина 984“, уривањето...

Бронзата ги однесе младите кошаркари во Дивизија А

Македонската машка репрезентација до 16 години, предводена од селекторот Александар Јованчев, постигна историски успех на ЕП во Сараево, откако во борбата за третото место ја совлада Чешка со 84-66 и на тој начин се пласира во дивизијата А Македонската машка кошаркарска репрезентација до 16 години постигна историски успех, пласирајќи се во дивизијата А, откако го освои одличното трето место на...

МФ: Фирмите за седум месеци добија 12,7 милијарди денари поврат на ДДВ

Повратот на ДДВ за фирмите во првите седум месеци од годинава изнесува 12,7 милијарди денари (206,4 милиони евра), што е е за 24 отсто повеќе од истиот период лани. Тоа, како што велат од Министерството за финасии (МФ), покажува дека гоиднава се инјектирани 2,5 милијарди денари повеќе во стопанството во споредба со лани. - Ова е значајна инјекција на ликвидни...